Среда, 15 Мај 2013   
Во Сиднеј успешна премиерна изведба на драмата „Борење со мечка“

borenje-so-mecka-1

Минатата сабота, 11.05.2013 година, се одржа премиерната престава на драмата „Борење со мечка“ од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, а во продукција на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

Културниот центар „Илинден“ во Рогдал како и секогаш беше домаќин на премиерната изведба на овој реномиран театар кој повторно покажа дека работи на професионално креативно ниво, на теми кои се чувствителни и поучни за македонската заедница во Австралија. Преку трагични и комични моменти Театарот успеа да завлезе во духот и психата на две македонски семејства кои покрај секојдневните работни задачи, животни предизвици и традиционални културни сфаќања се борат со најсмртоносната болест во 21-виот век – ракот.

Преку брзите сценски слики што режисерот Стефо многу добро умее ова да го постигне со претставите, се даде опис на животот на двајца Македоници чии семејни животи се сосема различни. Едниот е опколен со поддршка, а другиот е оставен сам на себе и оттуѓен од своето семејство. Прикажано е како двајцата се справуваат со својата болест на свој посебен начин. Со поддршката на семејството едниот се соочува со болеста и го совладува сопствениот страв, додека пак другиот не може да го прекине кругот на болката во осаменост. Прикажано преку комични и драматични сцени драмата „Борење со мечка“ имаше за цел да поттикне подобра комуникација и разбирање во однос на мажите со канцерозно заболување и улогата која ја игра семејството во раното откривање и лекување на ракот. Драмата со ваква трагична и интересна тематика кај многумина донесе возбуда и солзи за да се соочиме со нашите лични здравствените предизвици без разлика на нашата пол и возраст.

borenje-so-mecka-2

Улогите ги толкуваа Васко Србиновски, Ирена Вељанова, Никола Апостоловски, Валентина Апостоловска, Стефани Степановска, Јаворка Котевска, Самоил Митревски, Владо Сазданов и Мена Ристевска. Целиот тим работеше во една сценска хармонија и од целата динамичност се увиде дека карактерите беа обрастени во сите актери кои публиката со воодушевување ги следеше од почетокот до крајот.

Премиерната изведба беше официјално отворена од др. Астрид Пери, директор на Службата за мултикултурно здравје од Јужно-источниот Оддел за здрајве во Сиднеј. Таа нагласи дека за македонската заедница овој е значаен проект кој не само што ќе придонесе за поттикнување на македонската заедница да се грижи повеќе за своите здравствени проблеми, туку ќе им помогне и на здравствените работници да се обучат на најдобриот можен начин да пријдат кон спречување и раното откривање на канцерозните заболувања во заедницата. Инаку овој проект е дел од театарскиот проект за промоција на здравјето наречен ‘Alive and out there-Живеам и понатаму’ координиран од Multicultural Health Service, South Eastern Sydney Local Health District со донација од Cancer Institute of NSW.

Драмата исто така ќе се прикаже и во:

Рогдале: 31-ви мај во Македонскиот културен центар „Илинден“, 65 Railway Street, Rockdale.

Банкстеон: Петок, 24-ти мај во Bankstown Polish Club, 15 East Terrace, Bankstown.

Квинбијан: Сабота, 25-ти мај во Македонскиот општински центар, 266 Crawford Street Queanbeyan.

Волонгонг: Сабота, 1-ви јуни во Port Kembla Golf Club, 30 Golf Place, Primbee.

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.