Среда, 22 Мај 2013   
Свечена Академија за Браќата Свети Кирил и Методи во Сиднеј

Zaklina_Mihajlova-Img_5899aЖаклина Михајлова

Во неделата на 19–ти мај, 2013 година, со најголеми почести се одржа чествување на славните Браќа Свети Кирил и Свети Методи Солунски.

Македонскиот Просветно Училишен Одбор за Нов Јужен Велс , како и секогаш натпросечно ја организира оваа величенствена свеченост на која присуствуваа родителите и учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во етничките и редовните основни училишта, како и во  саботните средни училишта. Свеченоста се одржа во Црквата “ Свети Кирил и Методи“ во Сиднеј.

НSvecena_Akademija-240а свеченоста, гостите ги поздрави Господинот Алберт Вела, Претседател на Федерацијата за јазици на зедницата, која поздравувајќи ги присутните истакна дека “македонскиот јазик е еден од 58-те јазици што се изучуваат во НЈВ. Изучувањето на мајчиниот јазик има голема важност во развојот на децата. Децата кои го изучуваат мајчиниот јазик го подобруваат своето когнитивно мислење, подобри се во логичкото размислување, во математиката , а побрзо и поефектно учат друг јазик. За делото и значењето на Светите браќа Кирил и Методи зборуваше Претседателот на Македонскиот Просветно Училишен Одбор , Госпоѓата Жаклина Михајлова, која меѓу другото рече:

“ Затоа , драги наши ученици , бидете горди дека сте Македонци. Македонците биле славни луѓе, а не Славјани. Низ историјата се покажало дека изворот на мудроста, на храброста , на писменоста, на вештините е токму во Македонија. Сите други народи, освен нас, го знаат тоа. Сите, постојано, низ генерации и генерации ги посакуваат нашите, македонски гени. Затоа по примерот на Кирил и Методи учете и просветувајте сė, истражувајте и образувајте сė. Тој што знае повеќе тој е побогат. Најсветото што може да го направите за вашите идни генерации денес,  е да го изучувате македонскиот јазик. Изучувајќи го македонскиот јазик , ја изучувате седум и пол илјади години старата македонска култура и традиција. Слава им на Кирил и Методи. Слава им на сите славни Македонци.“

Госпоѓата Михајлова ги најави најновите иницијативи на Македонскиот Просветно Училишен Одбор: едната  наречена “Пријатели на македонскиот јазик“, со која на сите Македонци им се нуди простор на веб страницата на МПУО ако донираат средства за МПУО, а другата иницијатива е отварањето на паралелки за возрасни на македонски јазик во Рокдаел.

На учениците им се обрати и Господинот Благоја Јосифовски, кој е  успешен млад Македонец.Тој е професор по англиски јазик и историја и магистер по интернационално право, а наскоро ќе замине на специјализација во Хаг, во Трибуналот за воени злосторства. Благоја  на  присутните им го пренесе сопственото искуство со изучување на македонскиот јазик. Покрај другите предмети во неговото школување , тој го изучуваше континуирано и македонскиот јазик, во Етничкото училиште “Климент Охридски“ во Рокдаел, потоа во саботите учеше македонски  во Средношколскиот центар Когра , а ги заврши и студиите по македонски јазик на Универзитетот Маквори, во Сиднеј. Г- от Јосифовски  долги години играше во КУД “ Илинден“. Во својот говор тој истакна: Благодарение на Министерството за образование на НЈВ, кое овозможува , македонскиот јазик се изучува во етничките , редовните и саботните средношколски центри  и на вложениот доброволен труд на сите членови на МПУО, јас, некогашен ученик во тие училишта, денеска стојам, рамо до рамо, со мојата прва учителка Цвета Чумковска и со мојата универзитетска професорка Кети Ципушева, стојам пред вас како секретар на МПУО и како учител кој е подготвен да ја учи наредната генерација ученици по македонски јазик. Користете го македонскиот јазик што повеќе во вашите семејства. Приликите што ќе ви се отворат преку мулти – лингвизмот во вашите криери се непроценливи, зашто живеете во свет кој што е толку технолошки и културно поврзан , толку зависен од познавањето на повеќе јазици.“ И додаде: “Ве оставам со изреката на Лугвиг Витгештајн , кој вели: “ Ограничувањето на мојот јазик , значи и ограничување на мојот свет.“

Потоа  на  заслужните учениците кои го изучуваат македонскиот јазик во Нов Јужен Велс,од сите редовни и етнички основни, и средни училишта им беа доделени Признанија и Награди.

Специјални Благодарници им беа врачени и на активисти и доброволци кои го помагаат изучувањето на македонскиот јазик.

Добитници на Признанија за изучување на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс:

Дамјан Стеваноски, Софи Грчев, Нина Грозданова, Емили Малаковска , Ник Простиженовски,Изабела Крстевска, Џими Наумовски, Сара Михајловска, Анастасија Ацевска,

Бријана Петровска, Филип Трифуновски,Филип Анѓелковски,

Лара Марковска, Стефан Десовски, Кристијан Кипревски

Кајла Лулевска, Мелиса Скепевска , Кате Блажевска,

Маја Ивановска, Анѓела Марковска, Маркус Митревски,

Миа Лутовска, Наташа Чалдрмоска, Изабела Апостоловска,

Ивона Ристевска, Кристијан Ливриниќ, Мартин Каткаровски,

Никола Петковски, Наталија Дапчевска, Кирен Зајаковски,

Џулиан Велески, Моник Ангелковски, Емилија Јовановска,

Дилан Дулески, Филип Дулески, Александар Наумовски, Давид Ѓорѓиев, Стефани Босилковска, Моника Темелкова, Александар Трпеновски, Џастин Митревски,,Ема Станиновска, Тијана Петреска, Ива Менчевска, Михаил Михајлов, Натали Дунимаглоска, Марија Јовчевска, Александра Котевска, Кристина Николовска, Мајкал Трпчевски, Мајкал Трчевски,
Талија Попчевска

Од учителките награди добија:

Цвета Чумковска, Славица Ристевска, Силвана Трајковска,

Тања  Мицевска, Катерина Ципушева,Трајана Стојановска,

Лилјана Спироска, Весна Трајковска, Благоја Јосифовски,

Мери Петковска, Сузана Стојановска,Александра Кузмановска,

Тања Стојковска и Бети Огненовска

Заслужни членови на МПУО и пријатели на македонскиот јазик:

Кире Пашовски, Роберт Блажевски, Доне Кочанковски

Управа на МПЦ “ Света Петка“ Рокдаел, Елизабета Стојановска,

Зоран Јакимовски, Гордана Клисарова, Мак Видео - Драган Димитровски, Зара Јошевска - Travelworld  Wollongong, Carlton Public School,Turkish Airlines, Македонска детска градинка “ИЛИНДЕН“, МПОС – Црква “Свети Кирил и Методи“,Јове Стојановски - Македонски Телефонски Именик.

 

На прво место

News image

Имаме премиер кој стана фабрика за лажни вести

ФБ објава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски Уште 4 месеци до крајот на оваа влада...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (33)

Култура и туризам

News image

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

ВОВЕДЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (ПРЕЧИСТА) 4. XII/21 XI

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (38)

ОЛИМПИСКИОТ ПАНТЕОН ВО ПАНОНИЈА -II ДЕЛ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.