|
|
Доделена наградата за најдобра поетска збирка во дијаспората |
„Иселеничка грамота“ за Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска-Андовска
Во образложението на Жири комисијата во состав: д-р Христо Петрески (претседател) и Ефтим Клетников, Иван Чаповски, д-р Вера Стојчевска Антиќ и Елена Оровчанец-Спироска (членови) стои: „Наградата „Иселеничка грамота“ првенствено има цел да мотивира и стимулира, но и да го вреднува творештвото на авторите од Македонија во странство. Со оглед на високите естетски рамништа и пораки содржани во нивните две книги, жири комисијата сметаше дека и двете поетски книги се издвојуваат од останатата поетска продукција со својата заокруженост и целовитост, тематско-мотивските содржини и изразно-стилските постапки“. Наградата на Жаклина Михајлова и Лилјана Стоилковска-Андовска ќе им биде врачена на поетската манифестација „Празник на липите“ на Друштвото на писателите на Македонија што ќе се одржи во средината на јуни. Македонска нација |