Среда, 12 Јуни 2013   
Валентина Нестор ја претстави Македонска алијанса на државната албанска телевизија

1FB8F4AF5045A347B22C8E1BE45B42BA-001

Валентина Нестор ја престави Македонска алијанса за европска интеграција на државната албанска телевизија.

Единсвената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на 10-ти јуни 2013 година го имаше своето второ петминутно преставување на албанската државна телевизија.

Во име на Македонска алијанса се обрати Валентина Нестор, кординатор на жените на МАЕИ и носител на листата за регионот на Корча.

Во своето обраќање на државната албанска телевизија Валентина Нестор истакна:

“Почитувани Македонци и Македонки,

Драги мои сонародници,

На престојните парламентарни избори, на 23 јуни, сите Македонци, без разлика од вашето потекло, без разлика од вашиот социјален и општествен статус, мора да ги заборавите поранешните политички гледишта и да гласате за Македонска алијанса за европска интеграција.

Досега, од самите политички услови, немавте можност да гласате за македонски политички субјект, и поради тоа, честопати албанската политика успевала да ве подели на леви и десни, а Вие меѓу вас да се чувствувате како противници.

Драги браќа и сестри,

отсекогаш сме се идентификувале како нашенци,  е тој назив што не прави посебни од заедницата во којашто живееме, и како такви, барем во овие моменти, мора да бидеме обединети и да гласаме како Македонци.

Македонска алијанса се залага за унапредување на правата на сите Македонци во Албанија. А тоа може да се постигне, само со поддржување на нашата партија, што и ние да бидеме застапени во албанското собрание.

Тоа ќе го постигнеме, ако вашиот глас не го пропуштате  давајќи го на другите партии, но го дадете за вашите претставници, Македонци, кои живеат со вас и вашите секојдневни проблеми и се залагаат за вашите права, како:

1-    Признавање со статус на “македонско национално малцинсто“ на Македонците во Голобрдо и Гора, како и нивното право за изучување на мајчиниот јазик.

2-    Право за информирање на македонски јазик во албанската државна телевизија.

3-    Македонска алијанса за европска интеграција се залага за правото за вработување на Македонците во јавната администрација, судството и другите државни институции.

4-    Ние се залагаме за профункционирање на училиштето во село Врбник, што и тие деца да имаат право да го изучуваат мајчиниот јазик во своето родно место.

5-    За економски развој, со подобрување на инфраструктурата, канализации и водовод во областите  на Мала Преспа и Врбник.

6-    Ние ја подржуваме европската интеграција на Република Албанија, каде што припаѓаме и ние како албански државјани. Но, пред се,  мора самите да бидеме интегрирани во албанското општество, не како граѓани од втор ред, но како лојални граѓани.

7-    Заштитата на македонскиот јазик, култура и обичаи е заштита на нашиот идентитет, е чување на нашето достоинство. Тоа е граѓанска и морална одговорност за секој Македонец. Тоа е наша одговорност кон  идните генерации.

8-    Верувам дека е време кога секој кој се чувствува Македонец и има македонска крв, без разлика од претходните политички гледишта, да задржи патриотски и цивилизиран став и својот глас да го даде за македонска алијанса, за својата партија.

Само така ние може да ги унапредуваме нашите права за вработување, школување и информирање на мајчин јазик.

Уште еднаш сакам да упатам повик до сите Македонци, време е да рефлектирате.

Не стојте под сенката на социјалистите и демократите, но гласајте за својата партија.

Гласајте за Македонска алијанса за европска интеграција,

Гласајте за вашиот идентитет,

Гласајте за вашата иднина!

Гласајте за бројот 63”. - истакна Валентина Нестор на државната албанска телевизја.

Претходно на 1-ви јуни 2013 година, програмата на МАЕИ ја престави Валбона Сербин, кординатор на младите на МАЕИ.

(Македониум)

 

На прво место

News image

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледен.

Историја

News image

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Кичево, 116 години од битката на „Ѓурѓејца“, 4-ти август 1903 година

Иселеници

News image

Академикот Ферид Мурад – американски нобеловец (10)

„МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – САД

Култура и туризам

News image

Триумфални порти (арки) во Битола

Триумфални порти (арки) во БитолТриумфални порти (арки) во Битола

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (22)

ПЛЕМИЊАТА  ЈОНЦИ И МИНОИ ОД МАЛА АЗИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.