Среда, 17 Јули 2013   
Малцинства со декларација бараат од новата албанска влада подобрување на нивните права во Албанија

 

Од Москополе, Албанија, преставници на македонското, грчкото, српско-црногоркото, бошњачкото, ромското и еѓипјанското малцинство преку заедничка декларација побараа од новата албанска влада решавање на нивните проблеми во врска со малцинските права и подобрување на нивната положба во Албанија.

Deklaracija-Moskopole

Москополската декларацијата на малцинствата како што самите малцинства ја нарекоа, во име на малцинствата пред албанската јавност ја прочита Елса Балаури, од Албанската група за човекови права.

Во декларацијата од новата албанска влада конкретно се бара:

-       Признавање на малцинствата во Албанија на целата територија како национални малцинства, конкретно бошњачкото, влашкото, ромското и еѓиптјанското малцинство да се признаат како национални малцинства, додека македонското национално малцинство да се признае и во Голо Брдо и Гора и да им следат сите права што им припаѓаат на малцинствата.

-       Изготвување и одобрување на закон за малцинствата.

-       Потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, која албанската држава на нејасен начин и неодговорно ја одложува до сега.

-       Измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на мацинствата во парламентот со гарантирани места.

-       Измена и обезбедување на буџет за стратегијата на Ромите.

-       Обезбедување образование на мајчин јазик за малнцинствата.

-       Строго почитување на прашањата поврзани со вработување, домување и образование на ромското малцинство.

-       Развивање на оделна национална стратегија за еѓиптјанското малцинство во Албанија.

-       Финансиска подршка на различните активности на малцинствата.

-       Реорганизирање на Државниот Комитетот за малцинствата.

Ова декларација освен до албанската влада се испрати до сите меѓународни институции кој се занимааваат со малцинските права и странските амбасади во Тирана.

Akademija-na-malcinstvata-Moskopole

Васил Стерјовски потписник на декларацијата од страна на македонското малцинство за весник Македониум истакна дека, од 12 прекораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, 11 препораки се исполнети, додека само една препорака која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета, и не само што нема подобрување на правата на малцинствата, туку напротив има нивно назадување.

“Во изминатиов период се случија груби прекршувања на човековите права во во Албанија како дискриминирачкиот попис, притисокот од страна на националистички групи врз малцинствата, попречувањето на македонското малцинство за изучување на мајчиниот јазик, и одземање на некои веќе стекнати права уште од времето на комунизмот, како бришење на националноста од регистрите од матичната евиденција и др. Малцинсвата се тука и сакаат да помогнат во европската интеграција на Албанија, од новата албанска влада зависи дали ќе ги прифати барањата на малцинствата или и таа ќе работи како и сите албански влади на асимилирање на малцинсвата.”, – истакна Васил Стерјовски за весник Македониум.

Ова декларација следуваше на крајот од 5-дневната Академија на малцинствата што Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе со преставниците на малцинствата во Албанија.

Во декември се очекува Советот на Европа да се истакни дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европскта унија. Минатата година Холандија беше единствената земја која што изјави дека Албанија нема да добие кандидатски статус поради непочитувње на правата на малцинствата.

(Македониум)
 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.