Среда, 24 Јули 2013   
Бугарскиот владика Кирил го стигна македонската клетва

goce-durtanovski
Гоце Дуртановски

bugarija_mitropolit_kirilРеториката на митрополитот Кирил за изложбата MANUSCRIPTA GLAGOLITICA во Велехрад беше од типично познатата бугарска позиција околу македонските ракописи, бидејќи светот и понатаму не смее да знае дека постојат македонски  ракописи кои Бугарија насилно ги присвојувала и отуѓувала и во војните и во науката.

На едно такво свето место како Велехрад да се шири национализам или да се изнесуваат тези за непостоење на Македонците и нивното творештво и придонес низ вековите е христијански грев и невоспитаност, но очигледно и тука владиката Кирил од Бугарската православна црква целосно се оддаде на неговата паралелна улога која секогаш ја имал на земскиот свет - како соработник на комунистичкиот режим и службите за безбедност на Бугарија кои никако и никогаш поинаку не гледале на македонското културно наследство или на македонската нација или црква. Со уште поголем презир и фрустрации гледале на возобновената македонска држава.

Неговото Високопреосвештенство митрополитот Варнавско и Велико-преславски Кирил од Бугарската православна црква беше учесник на Меѓународната конференција на дијаконијата Pro Diaconia Christi која се одржа во Велехрад од 13 до 16 јуни, на која учество имаа претставници од 33 земји.

На изложбата MANUSCRIPTA GLAGOLITICA владиката Варнавско-преславски Кирил стигна со двајца германски учесници на конференцијата кои ми честитаа за изложбата, а владиката Кирил прво почна на лош германски, па после се оддаде и на бугарски да ми дообјасни со зборовите: „Таму стои старо-македонска азбука и старо македонско писмо. Тоа треба да биде старо-бугарска азбука и старо-бугарско писмо. Старо-македонско писмо не постои, нема такво нешто“.

Мислев во тој момент дека разговарам со Божидар Димитров...

Дуртаноски: Оче, ние кај нас во Македонија го викаме старо-македонско. Како вие во Бугарија го викате не знам, но со оглед на тоа што глаголицата е создадена на територијата на Македонија за нас најадекватен термин и научен и општоприфатен како таков е старо-македонски.

Што се однесува пак до одредбата на редакцијата на старите црковно-славјански ракописи таа терминологија во денешните научни критериуми има сосема друг пристап.

Бидејќи ракопис пишуван во Македонија како производ на Охридската книжевна школа, со насилство одземен и однесен во Бугарија во текот на Првата Светска Војна автоматски не може да се смета за бугарски ракопис само затоа што денес се наоѓа во Бугарија.

Митрополитот Кирил: И Охрид бил бугарски град!

Ако Охрид бил бугарски град зошто толку окупации од Бугарија со војски во двете севтски војни, па изнесување на вредни црковни богатства од Охрид на времено чување во Софија, вклучувајќи ја и круната/митрата на охридските патријарси кои со векови се крунисувале во Охрид и таму треба да останат!?

Е на крај излезе дека „американската политика била виновна за тоа“, таа ги создала тие проблеми, дека „Американците први почнале на големо да шират дека постои македонско писмо и ракописи и така настанала заблудата во целиот свет“ – рече митрополитот Кирил. Машала, што теза - си реков.

Дуртаноски: Изложбава во Велехрад ја претставува Македонија на ова меѓународно прославување од мисијата на браќата Кирил и Методиј, исто како вие што ја претставувате Бугарската црква на Pro Diaconia Christi и нормално оваа изложба, бидејќи е македонска мора да има македонски предзнак, а не бугарски. Заради тоа се избрани ракописите кои имаат македонска редакција или се пишувани во Македонија. Тоа што вие го зборувате Оче е сосема погрешно, и верувам дека Господ е голем тоа да го види.

Владиката Кирил живееше уште 23 дена после овој разговор токму во црквата Св. Богојавление – Кирилка каде беше поставена изложбата која ќе биде сведок пред Бога и неговата чиста христијанска мисија во редовите на Црквата.

Во прилог потписот на владиката Кирил како еден од 12.000 посетители на MANUSCRIPTA GLAGOLITICA во светиот христијански комплекс во Велехрад на 15 јуни 2013 година.

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.