Среда, 24 Јули 2013   
ОМО Илинден организира чествување на 998 години од големата битка на Самоил

m-kiril-ivanov-ilindenНевладината организација ОМО Илинден во недела во Петрич ќе чествува 998 години од големата битка на македонскиот цар Самоил. Основачот на ОМО Илинден Кирил Иванов вели дека одбележувањето ќе почне во 10 часот кај место Самоилова карпа.

Тој забележува дека Невладината организација ОМО Илинден се уште не може да се регистрира, бидејќи постапката се уште е во Врховниот суд на Бугарија. Иванов забележува дека меѓународниот суд за човекови права во Стразбур по петти пат дава само препорака на бугарските судови да се регистрира невладината организација.

-Пред еден месец ни издадоа едно решение дека не можеле да го разгледат делото и тој состав на судии во Врховниот суд се откажа. Ние со нашиот адвокат Милош Бараков направивме друго барање, за да тоа решение го земе друг состав на судии, вели Иванов.

Регистрација на невладината организација ОМО Илинден трае неколку години. Сепак според него продолжуваат притисоците врз македонците кои живеат во Бугарија.

- Ако си Македонец не можеш да се вработиш во Полицијата, ако си Македонец не можеш да бидеш  новинар во Радио Благоевград, ако си Македонец не можеш да бидеш судија. Јасно е дека притисоците си одат од друга страна, тоа е страната на бившата државна безбедност, а сега се нарекува ДАНС, рече Иванов.
Македонците во Бугарија не очекуваат од бугарски власти да имаат разбирање и решение за македонското малцинство, кое живее во Бугарија.

Превземено до: Ирис Телевизија

Викторија Димитрова - Јованова

 

На прво место

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.