Среда, 24 Јули 2013   
Народниот првобранител на Албанија и малцинствата заеднички ќе бараат подобрување на правата на малцинствата

Народниот првобранител на Албанија во соработка со малцинствата во Албанија ќе формираат заедничка работна група, чија задача ќе биди изготвување на посебен извештај за положбата и правата на малцинствата во Албанија и овој извештај ќе биде доставен на разгледување до новиот парламент и новата албанска влада.

Ова го договорија претставниците на малцинствата во Албанија на средба со Игли Тотозани, Народен првобранител на Албанија во рамките на 5-дневната Академија на малцинствата што Албанската група за човекови права ја организираше во Москополе.

Vasil-Sterjovski-i-Igli-Totozani

Васил Стерјовски претставник од македонското малцинство на средбата за весник „Македониум“ изјави дека задача на работната група сочинета од претставници од сите малцинства ќе биде изготвување на извештај за моменталната положба на малцинствата во Албанија и барањата кои малцинствата ги имаат за подобрување на нивната положба во Албанија.

„Во декември Советот на Европа треба да одлучи дали Албанија ќе добие кандидатски статус за членство во Европската Унија. Овој извештај ќе биде дополнителен притисок за новата албанска влада и парламент, кој треба да започнат да ги подобруваат правата на малцинствата за да се исполнат дел од барањата на малцинствата до декември и Албанија да добие кандидатски статус“,- изјави Васил Стерјовски за весникот„Македониум“.

Vasil--Igli-Totozani-na-sredba-so-malcinstvata

Од 12 прекораки што Албанија требаше да ги исполни за добивање на кандидатски статус за членство во Европската Унија, 11 препораки се исполнети, додека само една препорака која што е поврзана со подобрувањето на правата на малцинствата не е исполнета.

Главни барања на малцинствата се: Признавање на малцинствата на целата територија, изготвување и одобрување на закон за малцинствата, потпишување на Европската повелба за регионални или малцински јазици, обезбедување образование на мајчин јазик за малнцинствата, финансиска подршка на различните активности на малцинствата, измена на Изборниот закон каде ќе се гарантира застапеност на малцинствата во парламентот со гарантирани места, идр.

Македониум
 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.