Среда, 31 Јули 2013   
Градоначалникот на Поградец: Би сакал училишта на македонски јазик во Поградец

Градоначалникот на Поградец, Артан Шкмби на тркалезната маса по повод Рамковната конвенција за заштита на малцинствата во Москополе, Албанија, изјави дека не треба многу да се верува на меѓународните институции затоа што тие работат на страна на државата и користат два стандарди.

gradonacalnik-pogradec-1

„На некој начин меѓународните институции работат на страна на државата, и препорачуваат на неа, но таму каде што сакаат поставуваат услови, ако не се направат овие нема напредок, таму каде што не сакаат препорачуваат. Обично така прават со два стандарти. Јас не верувам дека треба да се има некоја надеж од меѓународните институции во смисла што сигурно дека тие се неопходни, сигурно нивната помош е неопходна, но треба повеќе пристисок од ваша страна и од наша страна  што меѓународните институции не само да препорачуваат но и да ја принудат владата, што ако ова држава сака да биди дел од Европска унија сигурно дека треба да исполни услови а не само да ги прифаќа нивните препораки”- изјави Артан Шкмби.

На дискусијата на Васил Стерјовски од македонското малцинство дека Албанија не ги исполнува препораките на Советот на Европа за образование на мајчин јазик за малцинствата, и не дозволува образование на македонски јазик во Голо Брдо иако е испочитувана законската процедура, градоначалникот Артан Шкмби изјави дека многу би сакал во Поградец да има училишта за изучување на македонскиот јазик, и тој прв со голема желба ќе ги прател своите деца да учат македонски јазик:

„Ние како локална власт сме поотворени за барањата на малцинствата, ако тука јас слушнав од вас дека правите барања за отварање на неколку класови за изучување на јазикот не некое малцинство и министерството се колеба да ги одобри или и го попречува овој процес, ние сме многу поотворени затоа што пожелуваме да ова нешто се случи во нашите градови. Пожелуваме затоа што ние ги чуствуваме од поблиску потребите на нашите граѓани. Во Поградец јас многу ќе сакав да имавме училишта за изучување на македонскиот јазик, затоа што јас прв моите деца ќе ги пратев со голема желба да учат македонски јазик, затоа што ние сме само половина час далеку од Охрид. Сакам да кажам, дека ако јас со мојата сопруга и децата за викенд одиме натака и правиме и малку пазар, сигурно дека имат тешкотии во комуницирањето и соработката и сигурно како може да оди моето дете само во една продавница и не го знае јазикот за да комуницира и се обедува со рацете и со знаци со некои луѓе кои јас ги имам поблиску од Прењас, Корча или Елбасан. Ние сакаме да го развиеме регионалниот туризам, ние сакаме луѓето да се движат во Охрид, Струга и Поградец и ако ние не комуницираме и немаме ист јазик на комуникација и да се разбериме ,незнам како можи да развиваме туризам и да ја подигнеме благосостојбата. Го дадов ова како пример за да кажам дека ние сме пожелни да ги имаме овие размени, во меѓувреме централната власт со сигурност мисли дека ни растат малцинствата, ќе имаме многу странци“ – истакна Артан Шкмби

Додека на барањето на Васил Стерјовски за давање на простории од страна на општината за канцеларии за македонското малцинство во Поградец каде би се одржувале курсеви по македонски јазик, градоначалникот на Артан Шкмби се согласи и истакна дека општината ќе излези во пресрет на ова барање и дека општината ќе даде бесплатни простории за македонското малцинство кои би се користеле за канцеларии за одржување на курсеви за македонски јазик.

gradonacalnik-pogradec-2

Видео со македонски превод од тркалезната маса и текст на македонски

http://www.youtube.com/watch?v=swgy86040Cs&list=UUzrw23MzHJsLNZVqiu8MD2w&index=1

Дискусија во врска со Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства

Васил Стерјовски (Македонски активист во Албанија) - За сите препораки што Советот на Европа ги дава на Албанија? Не е проблемот што тие препораки се даваат на Албанија за подобрување на правата на малцинствата, но проблемот е кај спроведувањето. Конкретно за образованието. Ние како македонско малцинство ја следевме цела законска процедура. Конкретно во областа Голо Брдо, во едно училиште, има собрано 45 потписи од родителите, барајќи два пати неделно да се изучува македонскиот јазик во образовниот процес. Ние ги следевме сите процедури од канцеларијата за образование во Булќиза, регионалната образовна дирекција во Пешкупија и министерството за образование и после два-три месеци ни дојде одговор дека можи да го изучувате македонскиот јазик но во седмо оделение, од септември ако имаме фондови и не се изјаснети јасно. После се сретнавме и со министерот за образование, и тој ни даде одговор како што ни даде.

- Парадоксот е што министерот е од тоа село.

Сега ќе го чекаме септември и повторно ќе бараме со петиција. Проблемот е како овие препораки да се спроведат во секојдневниот ден.

И конкретно што се однесува за културата на малцинствата. Конкретно пред три години Албанија формираше комитет за заштита на културата на малцинствата и албанската дијаспора при министерството за култура, но овој комитет во овие години нема дадено ниту еден конкретен проект за малцинствата.

Првата година имаше конкурс, аплициравме, не ни дадоа ниту еден проект, две години немаат ниту конкурс да се аплицира, додека за албанската дијаспора даваат проекти секоја година. За малцинствата не се дава ниту еден проект и се оправдува (Албанија) во Советот на Европа дека ние ги почитуваме малцинствата, имаме комитет за заштита на нивната култура, но тој комитет е само на хартија.

Олси Декови (претставник од Канцеларијата на Советот на Европа во Тирана) – Овие факти се ок.

Артан Шкмби (Градоначалник на Поградец) – На некој начин меѓународните институции работат на страна на државата, и препорачуваат на неа, но таму каде што сакаат поставуваат услови, ако не се направат овие нема напредок, таму каде што не сакаат препорачуваат. Обично така прават со два стандарти. Јас не верувам дека треба да се има некоја надеж од меѓународните институции во смисла што сигурно дека тие се неопходни, сигурно нивната помош е неопходна, но треба повеќе пристисок од ваша страна и од наша страна  што меѓународните институции не само да препорачуваат но и да ја принудат владата, што ако ова држава сака да биди дел од Европска унија сигурно дека треба да исполни услови а не само да ги прифаќа нивните препораки. Ние како локална власт сме поотворени за барањата на малцинствата, ако тука јас слушнав од вас дека правите барања за отварање на неколку каласови за изучување на јазикот не некое малцинство и министерството се колеба да ги одобри или и го попречува овој процес, ние сме многу поотворени затоа што пожелуваме да ова нешто се случи во нашите градови. Пожелуваме затоа што ние ги чуствуваме од поблиску потребите на нашите граѓани. Во Поградец јас многу ќе сакав да имавме училишта за изучување на македонскиот јазик, затоа што јас прв моите деца ќе ги пратев со голема желба да учат македонски јазик, затоа што ние сме само половина час далеку од Охрид. Сакам да кажам, дека ако јас со мојата сопруга и децата за викенд одиме натака и правиме и малку пазар, сигурно дека имат тешкотии во комуницирањето и соработкта и сигурно како можи да оди моето дете само во една продавница и не го знае јазикот за да комуницира и со обедува со рацете и со знаци со некои луќе кои јас ги имам поблиску од Прењас, Корча или Елбасан. Ние сакаме да го развиеме регионалниот туризам, ние сакаме луѓето да се движат во Охрид, Струга и Поградец и ако ние не комуницираме и немаме ист јазик на комуникација и да се разбериме ,незнам како можи да развиваме туризам и да ја подигнеме благосостојбата. Го дадов ова како пример за да кажам дека ние сме пожелни да ги имаме овие размени, во меѓувреме централната власт со сигурност мисли дека ни растат малцинствата, ќе имаме многу странци.

Лорета Хајко (Преставник од Српско-црногорското малцинство во Албанија)

– Дали има некој преставник од малцинствата во вашиот општински совет? И второ, дали има на раководна позиција некој претставник од малцинствата во вашата општина?

Артан Шкмби – Зависи што подразбираме под малцинство, затоа што јас имам впечаток дека се нејасни овие прашања со малцинствата. Ние имаме претставници со македонски пасоши во Поградец. Поранешниот претседател на советот на општината беше со македонски пасош. Моментално имам два заменик-градоначалници во општината од кој едниот е со македонски пасош, со потекло е од македонската страна. Во советот на општината имаме двајца советници, едниот е со македонски пасош додека другиот има грчки пасош. Не е моја заслуга за оваа работа, но тие се таму.

-       Дали има Роми?

-Роми нема, нема ниту еден претставник од Ромите.

Васил Стерјовски – Имам неколку прашања. Прво дали има некоја можност Вие како општина, дали имате некој јавен простор да ни дадете за канцеларии за македонското малцинство во Поградец или и за сите малцинства што живеат таму да користат една заедничка канцеларија. Ние сега во Поградец сме во фаза на органзирање и формирање на едно македонско здружение кое ќе се занимава со заштитата на правата на македонското малцинство во Поградец, традициите, културата како и изучувањето на макеоднскиот јазик. Ќе отвориме и приватни курсеви за изучување на македонскиот јазик, каде нормално овие курсеви можи да ги посетуваат и албански деца, не исклучуваме никого, и курсевите ќе бидат бесплатни и многу ќе ни помогните ако ни дадете простор каде ние да ги имаме нашите канцеларии. После имав едно прашање кое што е поврзано со културата на малцинствата. Вие, ако сакате и имате желба заедно со советот на општината може да направите нешто конкретно, да предвидите во буџетот на општината неколку проекти за малцинствата. Мали средства со кои би направиле некоја активност, можеби некој фестивал на малцинствата во Поградец. Со минимален фонд да се види дека општината се грижи за малцинствата.

И едно прашања имав за крај во врска со вработувањето. Вие спомeнавте дека има Македонци и други во општината, лица со македонски пасоши. Јас незнам како се декларираат тие, дали се преставници на македонското малцинство!? Дали се декларираат за такви?

Ние го имаме овој проблем во Албанија, кај македонското малцинство, но верувам и кај другите малцинства, кога се вработени во државните и локалните институции не се изјаснуваат дека се Македонци. Го имаме случајот со министерот за образование, кој во 1991 година беше основач на македонско здружение во Тирана со потекло од Голо Брдо и сега што е министер за образование и самиот е од Требиште од Голо Брдо, е главната пречка за изучување на македонскиот јазик.

Елса Балаури - Не, сега вели дека не сум од Голо Брдо.

Васил Стерјовски – Добро е да имате преставници од малцинствата што се декларираат за такви, н.п.р еден преставник од македонското малцинство што се декларира дека е од македонското малцинство и нема страв да ја изјави својата националност и тој да е врска помеѓу македонското малцинство во Поградец и Вас како градоначалник на општината и не само од македонското малцинство но и од Ромите, Еѓиптјаните и Власите кој се значително малцинство во Поградец.

Артан Шкмби – Ќе почнам од крајот, реков дека мојот заменик –градоначалник е со македонски пасош, со имот во Охрид, има следено законска процедура, му се вратени имотите и е во договор со градежни фирми итн. Сакам да кажам дека е со македонски пасош, зборува македонски и не се крие дека е сопственик на земјиште во Охрид. За мене е многу важна личност, отворен и соработник. Во врска со буџетот, јас ви тврдам дека во моментот општина Поградец и другите општини имаат пари само колку за исплата на плати и апсолутно никаква друг можност. Беше ситуацијата многу подобро, убеден сум дека и ќе биди подобро и во моментот кога ќе е подобро, тако како што било, ќе има и такви фондови. Јас со Ромите на пример, секогаш ги имам прославувано празникот на Ромите, имаме правено концерти за Нова Година, за 8-март, за Св. Ѓорѓија. Има една две години како што не правиме повеќе, затоа што нашиот буџет е катастрофа. Со големи маки ги исплаќаме платите на вработените. Но сигурно дека ќе се подобри ситуацијата. Во врска со канцелариите, Вие може да дојдете уште утре да земете простории, но со еден услов што ако ги земате просториите да ги земете бесплатно и да ги користите за оваа цел. Ако сакате да правите курсеви за изучување на македонскиот јазик, да ви дадеме простории, да одржувате бесплатни курсеви и да ви бидеме благодарни за работата што ќе ја правите.
 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски: Честит Илинден!

ВМРО-ДПМНЕ е кауза која е повеќе од појаничарените јуришници на власта, за чии грешки во минат...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.