|
|
МАКЕДОНСКОТО знаме пред Собранието на Онтарио |
Генералниот Конзулат на Република Македонија во Торонто Ве поканува на свечената прослава по повод 22-годишнината од суверена, самостојна и независна Македонија! Почитувани браќа и сестри МАКЕДОНЦИ, во предвечерието на овој голем македонски празник, на 6-ти септември(петок), со почеток во 11 часот претпладне, заеднички ќе го подигнеме МАКЕДОНСКОТО знаме пред Собранието на Онтарио во Queen’s Park во Торонто. За сите заинтересирани граѓани, во соработка со Управата на Македонската Православна Црква ,,Св. Климент Охридски,, во Торонто, организиран е бесплатен автобуски превоз од пред паркингот на МПЦ ,,Св. Климент Охридски,, во Торонто, во периодот помеѓу 9:30 и 10:00 часот наутро. После одржувањето на свечената церемонија на подигање на МАКЕДОНСКОТО знаме, предвидено е заедничко враќање во црквата, каде во 12:00 часот е организиран ручек од страна на Пензионерското Друштво ,,Гоце Делчев,, при Македонската Православна Црква ,,Св. Климент Охридски,,. На 7-ми септември(сабота) во 19:00 часот Пензионерското Друштво ,,Гоце Делчев,, при Македонската Православна Црква ,,Св. Климент Охридски,, во Торонто , го организира традиционалниот свечен банкет по повод независноста на Македонија. Со задоволство ве очекуваме, заедно обединети да го прославиме овој голем ден за нашата МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ народ во целиот свет! Сонот на сите МАКЕДОНЦИ – 22 ГОДИНИ СУВЕРЕНА, САМОСТОЈНА И НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА! Генерален Конзулат на Република Македонија во Торонто |