|
|
26–ти Интернационален Фолклорен Фестивал Латзен–Хановер, Германија |
Оваа година Македонски клуб „Илинден“ – Латзен, Хановер, Германија по 26-ти пат организира интернационален фолклорен фестивал, кој претставува една од познатите манифестации на клубот и градот Латзен. Манифестацијата ќе се одржи на 26-ти октомври 2013-та година. На фестивалот ќе земат учество повеќе меѓународни фолклорни групи кои претставуват културни групи во СР Германија. Оваа година на интернационалниот фестивал во Латзен ќе бидат преставени Македонската, Полската, Португалската и Српската култура, со повеќе фолклорни групи. Македонско Друштво „Илинден“-Тирана и Македонски Клуб „Илинден“- Латзен-Хановер, пред една година потпишаа договор за соработка, а една од точките беше и соработка на кутурен план. |