|
|
Вечер на македонска поезија оддржана во Вашингтон |
„Воодушевен сум што имавме прилика да слушнеме повеќе за Глобалната конференција на ОМД во Македонија. Ова беше одлична можност за членовите на ОМД од регионот на Мериленд, Вашингтон и Вирџинија кои не беа во можност да присуствуваат на конференцијата да дознаат повеќе“, напомена претставникот на ОМД за Вашингтон/Вирџинија/Мериленд, Жикица Пагоски. „Поетската вечер беше уникатна можност за промоција на македонската литература и национално наследство. Ни претставуваше огромно задоволство да ги слушнеме Нола и Наташа Герет, кои се истакнати литературни творци“. Веќе неколку години како Наташа и Нола Герет работат заедно на превод на македонска поезија. Наташа Герет се преселила во САД во 1993 година. Нејзините преводи од македонски се имаат појавено во Arts and Letters и Christian Century. „Преведувањето поезија е форма на културна промоција, бидејќи на пошироката јавност и претставува аспект на македонската уметност и култура која инаку не би им била достапна. Секако дека тоа отвори и можност за меѓукултурен разговор помеѓу мене и мојата свекрва“, изјави Наташа Герет. „Јас сум заинтересирана да пишувам за тоа како е да се живее во различни култури и предизвиците со кои луѓето се соочуваат, дури и тогаш кога заминувањето од родната земја е доброволно“. Свекрвата на Наташа Герет, Нола Герет е професор по литаратура на Единборо Универзитетот во Пенсилванија. Нејзините поеми, како и преводите на македонска поезија и есеи се имаат појавено во Able Muse, FIELD, Georgia Review, Imagination and Place, Poet Lore, and the Tampa Review. За соработката со нејзината снаа, Нола Герет истакна: „Преводите од македонски започнаа пред десетина години со телефонски повик од мојот син, Чан, велејќи: Мамо, сретнав една девојка и таа знае да прави полнети пиперки подеднакво вкусни како твоите! Проследен е примерок од една од поемите напишани од Наташа Герет. Од каде си? Порано бев од писма и телефонски јавувања. Сега сум повеќе од тастатури, Пропуштени свадби, И зелени царински формулари. Клатно сум - Што се ниша во 6-часовни интервали, На мојот двоен часовник, Иднината е моето минато и повторно мојата иднина. Јазикот ми е оној од разгледниците и налепниците по куферите, Од лења пита и по некој ајвар. Живеам на авенијата "Погрешно изговорени", Јас сум Хаклбери Фин, Напишан на кирилица. Наташа Герет |