Среда, 05 Февруари 2014   
Македонски голобрдски фолклор

Со многу внимание и голем интерес за зачување и пренесување на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку, Вело Цфарку напишаа и издадоа 6 тома со заеднички именител-Голобрдски Фолклор.

Прв том: Пословици и поговорки на македонски јазик

golobrdski-folklor-1

Втор том: Дове, клетви и гатанки

golobrdski-folklor-2

Трет том: Македонски-Aлбански пословични паралели

golobrdski-folklor-3

Четврти том: Пословици, поговорки, пословични и фразеолошки изрази

golobrdski-folklor-4

Петти том: Народни песни 1

Шести том: Народни песни 2

golobrdski-folklor-5

Сите изданија се  подготвени и испечатени на македонски јазик кирилично писмо и македонски јазик  со латинично писмо.

Куса биографија на авторите:

ЦветанЗафир Мазнику, роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година почна да студира за рударство во Лениград, Руска Федерација.

Вело Цфарку, роден на 1935 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо.

Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, додека од  1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.

Митре Стојан Шутку, роден на1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години  работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.

Авторите имаат значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Овие книги ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија.

Ариана Шутку
 

На прво место

News image

Пешевска: Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот е силна порака дека никој нема да биде поштеден од закон

Ситуацијата со Груби и пораката од Стејт департментот, јас неколку пати кажав во јавноста дека е с...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.