(МИА) - По десеттина години нарушени меѓучовечки односки и цивилно-црковен судски спор на Македонците во Австралија деновиве двете спротиставени страни постигнаа согласност да се прекинат сите натамошни судски активности и тоа во духот на правпославието и доброто на македонската кауза и македонското православно црковно живеење во Перт Западна Австралија, јави дописникот на МИА од Австралија.
Спротиставените страни во овој случај се обврзаа во иднина да работаат за надминување на разликите и подобрување на меѓучовечките односи предизвикани од овој десетгодишен случај, како и заеднички да работаат на популаризирање на идејата за изградба на нова македонска православна црква во Перт. Овој австралиски град е еден од неколкуте во земјата во кои се водеше повеќегодишен судски спор околу јурисдикцијата на црковните општини. Судскиот спор е започнат пред десеттина години и се однесува на тоа кој ќе ги добие тапиите на неколку цркви и манастира, кои се надвор од јурисдикцијата на МПЦ. |