Среда, 29 Септември 2021    PDF Печати Е-пошта
ДЕЛО ЗА ВИСТИНАТА НА ПОРЕЧИЕТО

1oere1

Во делото „Монографија Тоше – живот, дело, хуманост“ од Стојан Димовски - Тоше и Борис Апостолов, чиј рецензент е македонскиот публицист во Германија Саво Костадиновски, излезе од печат во 2020 година, на 250 страници. Во монографијата  е претставено Поречието како убав и недопрен природен крај во Република Македонија, како и е дадена  вистината за македонското смејство на Стојан Димовски - Тоше од Македонски Брод.

 

Поречието е област која се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Нејзината територија  се простира по целата должина на реката Треска, која низ целиот свој тек се простира низ Поречието и во своите тек ги собира поголемите и помалите реки, рекички и потоци, за на крајот нејзините води да се вливат во Вардар кај населбата Сарај, недалеку од Скопје.

Карактеристично за Реката Треска е тоа што со нејзиното преградување кај селото Здуње и изградбата на хидроцентралата „Козјак“ се доби најдолгото и едно од најубавите вештачки езера во Република Македонија, кое е долго 32 километри. Инаку, Поречието е планински крај каде се среќаваат солени извори, во кои се крие иднината за производство на морска сол, како и простор на бројни археолошки наоѓалишта и бројни пештери. Најпознати туристички локалитет е пештерата „Пешна“ и архиеолошкиот локалитет „Девини кули“, кој го добил и го носи името на сестрата на Марко Крале, Дева. Исто така, Поречието е богато со бројни црковно-духовни цркви и манастири кои претставуваат дел од националниот и историски развој на Македонците од овој убав планисни крај.

Во делото „Монографија Тоше – живот, дело, хуманост“ се вели дека во Поречието отсекогаш живеело и живее чист македонски христијански народ, со свој специфичен говор кој е блиски до македонскиот литературен јазик, а нема ни исламизирано македонско население, како што е случајот со Кичевско. Меѓутоа, како и за други краеви во Македонија така и за Поречието печалбарството била стара традиција. Поречани особено на печалба оделе во Србија, а и денес таму живеат во многу градови и села За жал, новите иселенички движења се присутни и денес и како резултат на тоа од сите 54 села во Општината Македонски Брод, голем број села се празни.

Според историските податоци народот во Поречието бил поробен, а не покорен, затоа има голем број борци за слобода, како што се ајдути, комити, партизани. Од комитите и војводите, меѓу другите се познати: Стојан Лерински кој дошол со седум борци во Пореч, војводата Ѓорѓи Сугаре и војводата Костадин Костадиновски, за кого народот ја испеал песната „Слушам кај шумат шумите“. Оваа песна е доста популарна и често се пее од народот. Инаку Костадин му е прадедо на македонскиот поет во Германија, Саво Костадиновски кој потекнува од селото Горно Ботуше.

Инаку, Саво Костадиновски забележал дека не само неговиот прадедо Костадин, туку и неговиот дедо Дамјан, на 19 години се приклучил кон четата на Костадин. Неговиот дедо Дамјан го преживеал комитлакот, Илинденското востание, Првата и Втората Светска војна и се упокоил во 1993 година на 109 годишна возраст, за што Саво Костадиновски посветил поголем простор во неговото творештво.

Исто така, во монографијата се дадени податоци за учесниците во Илинденското востани, загинатите војници во Балканските војни и Првата светска војна, учесници во Народно Ослободителната Борба од Поречкиот крај, како и жртви на фашистичкиот терор во Втората светска војна. Посебен простор е посветен на ослободувањето на Македонски Брод, на општествено-политичките функционери во Општината Македонски Брод, како и на познатите личности од Поречието, меѓу кои се: професорите Божидар Видоевски и Ратомир Гроздановски, Трајан Трајковски, Саво Костадиновски, Милан Ристески, Нове Цветановски, д-р Милорад Врчаковски и други.

Во делото „Монографија Тоше – живот, дело, хуманост“ посебен простор е посветен на семејството Димоски, како и на други семејства кои се поврзани со ова познато и признато семејство во Македонски Брод. Притоа е презентиран животот и делото на трудбеникот Стојан Димоски – Тоше кој заедно со сопругата Мирјана и други членови во семејство долги години се занимавало со слаткарска, угостителска и трговска дејност. Нивните постигнувања како приватни стопанственици се значителни и се плод на долгата и макотрпна работа, што треба да претставува патоказ за идните генерации.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.