|
||||
Мијачко односно галичко племе и Галичник |
Мије сме едно племе од многу и многу племиња во Македонија од Шар до Солун и Елембој (Олимп), до Пирин Планина и Рила. Од коде сме дојдени, кога, и зашчо не се знојет. Имајет трагови и некакви блискости и други нешча шчо го наведувајет човека за да мислит оти сме тргнати од Солунско, по река Бистрица, или преку Воден или Селфиже (Србица), лево-ј десно кон Лерин и Костур, кон Охрид и Поградец, до Дебор и по Радика, или пртеку Кичава, да сме додјени во Бистра планина и тује сме законачиле. Се требет да биле старите сточари. Како сточари, тија белки иделе со стадата горе на летување сосе жени и сосе деца, како шо правит и ден-денеска Каракачанине. По време го нашле за попаметно да се заселит стално во нашијон крај, а тије моет со стоката ем пак да си одит, да слагајет есени в Солунско Поле, а пролети да се враќајет и качувајет в планина. Поубав есап и кров (крој, план) од овја вистина и немат. Коде да најеш поубава планина од Бистра, „п’лна с извори“ и поубав зимовник од Солунско Поле? Тие белки и многу годишча правеле проби со други планиње дур утврдиле, али им је оваке најарно. Ним требет да им биле познати: и Ниџе и Крчвица и Пејлистер и Галичица, дур ја избрале Бистра. И вистина не грешиле. Животва човечка во главно се си је иста и умов човечки, и пред Ристоса и по него, исти је. Гледај да поминеш полесно, поевтино и поубаво. Со една реч: гледај да си го избереш поубавото. Ако ти се јавит борба, бори се. Еве и денес Власите (Цинцариве) шо не направије за да успејат да се пикнет меѓу нас и без мрва да загосподарит во Бистра и Шар. И види чудо? Шо не можеје во Турско, донекаде успеаје во Србија. Зашчо и како? Белки зате шо је Србија изнад се слободна и правна држава. А Власиве се ербап и поербап и од Евреји. Во оваја борба тије не се страмеје да го искористат и сродството на дворовите наши и влашки. А имаје и за ошчо. Зашчо како Бистра немат друга планина. И широка и прегледна, и не превисока, и дрвја близу, и потишча кон коде сакаш, и воѓе наблизу, рај за овци. Река Галик близу до Солун, Лагадина (гратче до Солун), Панонија и Гелемерија (по грчки Каламарија), што се споменајет во песниве наши, по теја и Галичица измеѓу Ресен и Охрид, белки се во ненаква врска со Галичник. Во друго време понапред или после и по други себапи белки имајет и се требет да имајет дојдено други групи од југот кон Елбасан, Дуруд и Мат, али ја едно не верува да се нашиве дојдени од кон Скопје, Тетово и Гостивар. Моје мислење је да ја нашево племе слезено во своје време како сточарско племе до Солун и после мрдало лево-ј десно дур се залепило за Бистра. Како да је видиме Мијациве да се населиле од Дебор по Радика дури до Врбјани, по Мала Река, дури до Јама и до села Ефловец и Иванчишча и нагоре, во Бистра, дури до Маврово и Беличица. Ја мисла и верува да се населени ушче многу пред да дојет Турциве. Инаку мочно би могло да се разберет онолку размножување и нарастување на толку гоолеми села како што се: Галичник, Лазорополе, Тресонче, Требиште и Жерноница. До коде се простирајет и каков комшилок имајет Мијациве На југосток од Ефловец се ширит Брсјаци на југ и дебрани на север Горнореканци (шо зборвет сега мешано, али повеќе арнаутски) и Мавровци и на запад је висока Крчин Планина, а отоде неја је Дрим и Албанија. Во овије меѓи се наодит овије села: Рајчица, Горенци, Д’лно и Горно Косоврасти, Д’лно и Горно Мелничани, Могорче, Осој, Гари, Лазорополе, Тресонче, Селце Росоки, Сушица, Галичник, Јанче, Скудриње, Присојница, Ажијевци, Битуше, Требиште, Велебрдо, Будуше, Болетин и Жерноница, шо чинит 24 села. Височина и ава(клима) во овије села Најниските села како Горенци, Косоврасти (Д’лно) и Јанче се на околу 650 метри над море, а највисоките како Галичник и Лазорополе се на преку 1200 метри Во сиве овије села најширок и најубав поглед имат Галичник, а најскријено је село Росоки. И како се сиве овије места високи, пак јаки зими немајет, зашчо се со планиње и зашчо до нив допират здив (струја) од Сино Море. Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ -= Лоноски, Скопје 2004. |