Среда, 15 Април 2020   
Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (52)

igor

Игор Ќирески, бизнисмен од Берлин, СР Германија

Многумина македонски граѓани кои заминаа или беа на печалба Германија кон крајот на минатиот век подршкаа добиваа од браќата Јаковлевски. Нивниот ресторан „Ново Скопје“ во З. Берлин, пред и по обединувањето на двете Германии беше неформална амбасада, сврталиште и засолниште за македонската дијаспора.  

Помладиот брат, Мане Јаковлевски со својата грижа за многумина од припадниците на македонската дијаспора ќе остане запомнат како „брат“ или „втор татко“.  Во монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески, од авторот Киро Кипровски, за подршката која ја добил од Мане пишува  Игор Ќирески, бизнисмен од Берлин, СР Германија. Сеќавајќи се на почетоците кога дошол во Берлин, на поддршката која ја добил, на работата и поуките кои ги добил за тоа како се води бизнисот во западните земји, тој за Мане ќе напише:

„Колку да сум богат, никогаш, ама никогаш, на Манојил, на нашиот Мане, нема да му ги заборавам помошта, советите и добрините што ми ги даваше. Најзаслужен е затоа што сум денес. Ме научи како треба да се работи, како треба да се штеди, како да се оди напред, како треба да се справам кога ми е најтешко, ми даваше татковски совети, како да купувам и продавам станови, да ги рентам, како да ги инвестирам паричните средства и на овој начин ме научи да заработувам пари. Никогаш немаше да заработам толку пари да бев кај други газди. Со постојаното дружење, ми ги пренесуваше неговото богато работно и патриотско искуство, советите кои ми ги даваше, јас ги почитував и ги спроведував, ми го покажа вистинскиот животен пат. За се што ни помагаше Мане, големо почитување има од моето семејство, сопругата Бети и трите деца. Затоа, го чувствувам како втор татко и е дел од нашето семејство.

Во Берлин, СР Германија, дојдов во 1991 година. Во големата светска метропола никого не познавав. Влегов во ресторанот „Ново Скопје“, т.н. македонското пристаниште, каде пред мене престојувале многу Македонци и со помош на Манојил не само што добиле работна виза, туку и работа. Манојил ме прифати како да сум негов син. Се запознавме случајно, неколку месеци пред да тргнам по белиот свет, по корка леб, во куќата на Јаков Јаковлески во село Зубовце, кога бев на посета кај Бобан, мој школски другар, син на Јаков.

Во ресторанот „Ново Скопје“ со негова голема помош, почнав да ја создавам готвачката кариера. Тој ми помогна да ги добијам потребните документи за престој и работа во Германија, а потоа ми помогна да ги обезбедам потребните документи за сопругата Бети и за 16-месечниот син Нино. Живеевме во неговиот стан. Во ресторанот работев две смени, добивав и две плати. Мане ја вработи и Бети и така за неколку години успеавме да застанеме на цврсти нозе и да обезбедиме пристојни услови и стандард за живеење.

Постојаното дружење со Мане, советите што ми ги даваше, многу ми помогнаа да се формирам како прозападна личност, да го осознаам бизнисот во Германија, а исто така и национално ме просветуваше, како се станува македонски патриот и како треба да се бориме за македонските работи.

Во сите активности што ги преземаше Манојил, како претседател на ЗК на ВМРО-

ДПМНЕ, бев вклучен. Таа ми беше школа за зацврстување на мојата македонска национална определеност. Со помош на Мане се активирав и во работењето на МПЦО „Свети Климент Охридски“ во Берлин, каде веќе неколку години сум член на Управниот одбор. Така го јакнев духот и го пренесував на смејството.

Имав многу среќа, затоа сум благодарен на Господ, што ме донесе кај Манојил, човек со големо срце, кој ме прифати, ме воспитуваше, ме советуваше и имаше голем придонес за тоа што сум денес. Во Берлин имам сопствена трговска фирма на големо и мошне успешно делува.

Мане остави големи, неизбришливи траги меѓу Македонците во Берлин. Жалиме што повеќе не постои „Ново Скопје“, македонско катче во кое се собиравме Македонците од сите краеви, а Мане ни беше достоен учител за македонските работи. И не само тоа, со неговите организациони способности, Македонците ги активираше во црковната општина „Св. Климент Охридски“, во фудбалските клубови „Илинден 903“ и „Македонија“.

За Мане можам да речам дека е македонска легенда, човек со многу способности, борец за самостојна, независна и обединета Македонија и за правата на Македонците. Кај мене го внесе македонскиот патриотизам и мислам дека по неговото враќање во Македонија, успешно го заменувам во Берлин, ги ширам македонските идеали, како што тој успешно го чинеше меѓу Македонците.“

(продолжува)

Цела книга: https://drive.google.com/file/

 

На прво место

News image

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, се убиени пет струмички студенти

На 13 август 1951 - Кај селото Дорломбос на планината Беласица, со образложение на тогашната власт д...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.