Среда, 03 Декември 2025    PDF Печати Е-пошта
НА „25. ПЕЛАГОНИСКИ КУЛТУРНИ-НАУЧНИ СРЕДБИ“ ДОДЕЛЕНА НАГРАДА НА ИВАН ТРПОСКИ ОД СИДНЕЈ

Novaci

На 29 ноември  2025 година во салата на Општината Новаци се одржаа јубилејните „25. Пелагониските културно-научни средби“, на кои беше доделена наградата “Златен клас за македонски вознес“ на Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија

Според пишаните документи иницијативата за „Пелагониските културно-научни средби“  е озваничена на 20 септември 2000 година во Матичната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола, кога официјално се конституира нејзиниот иницијативен одбор и кога е избрано раководното тело на Средбите,- Извршниот одбор.

Извршниот одбор ја организираше Првата пелагонска културно-научна средба, која се одржа на 5 и 6 мај 2001 година во мнастирот „Свети Ѓорѓија“ над живописното село Паралово. Притоа, Општината Новаци ја продолжува традицијата долга 25 година како домаќин на „Пелагониските културно-научни средби“. Како резултат на оваа научна манифестација низ годините произлегоа многу трудови и научни зборници. 

Иницијативата за формирање на манифестацијата „Пелагонски културно-научни средби“ при Општина Новаци, Битолско, потекна од група ентузијасти: писатели, научни работници и културни творци, кои имаат желба да придонесат во афирмацијата на литературните, културните, образовните, историските, фолклорните, археолошките, етнолошките и сите други можни вредности.

Годинава „Пелагониските културно-научни средби“ се одржа по 25 пат. Носители на активноста се познати писатели и научни творци кои со својот личен труд дале и даваат особен придонес за опстој на манифестацијата. Овие средби се од големо значење за Општината Новаци, за Битолскиот крај и во целост за зачувување на културно-научното наследство во Македонија. Се одржуваат секоја година, вообичаено во месеците октомври и ноември.

Манифестацијата „Пелагониските културно-научни средби“ успешно ја продолжува својата работа благодарение на големиот ентузијазам на голем број творци и поддржувачи што се добива од Општина Новаци. Во овие 25 година опстојување на „Пелагониските културно-научни средби“, меѓу другите, треба да се нагласи  безпрекорнара посветеност на претседателите:  д-р  Цане Здравковски, Благоја Таневски, Ѓорѓи Лазаревски и актуелниот претседател  д-р  Весна Калпаковска, која изврши промоција на овогодишниот Зборникот во кој се застапени сите научни трудови од предходната година.

Според, претседателката на Средбите д-р Весна Калпаковска, овие средби имаат традиција во Oпштина Новаци веќе 25 година и оваа традиција ќе се продолжи и понатаму. Особено Средбите се значајни од 3 аспекти и тоа: истражувањата во областа на културата, историјата и книжевното творештво, и презентација на научни трудови.

Во работниот дел од Средбите дваесетина автори ги презентираа своите трудови што ќе печатат во зборникот што ќе излезе следната година.

Својот јубилеј Пелагонските средби го обележаа со изложба на досега објавените зборници од минатите средби и дела на писатели/творци – членови на Здружението. Присутните имаа можност да го видат Зборникот од првата Пелагонска средба што беше отпечатен во 2002г.

На овогодишните Средби се промовира Зборникот на трудови бр. 20 во кој на повеќе од 200 страници се застапени текстови на дваесетина автори-учесници на Средбите во 2024г.

Во свечениот дел од средбите беа доделени традиционалните награди на Здружението. Повелба за животно дело“ му се додели на истакнатиот научник од Битола проф. д-р Никола В. Димитров, „Златен клас за македонски вознес на Иван Трпоски од Сиднеј, Австралија, а признанието „Панде Манојлов“  и беше доделено на познатата поетеса и творец на многу книжевни дела проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска од Битола.

Признанието Златен клас за македонски вознес - 2025“ на Иван Трпоски му беше доделено за делата и постигнувањата, резултатите на полето на литературата, културата, библиотекарството, историјата, иселеништвото, фолклорот и други областо, рече претседателот на „Пелагониските културно-научни средби“  д-р Весна Калпаковска,

Инаку, Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе децении активно е вклучен во повеќе македонски организации каде несебично работи за доброто на Македонците во метрополата на Нов Јужен Велс и пошироко. Toj е роднокраен автор кој од 1979 година е член на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, како и член во Издавачкиот одбор на списанието „Повод“ и долгогодишен библиотекар и архивар во библиотеката „Григор Прличев“.

Исто така, Иван Трпоски активно бил вклучен во повеќе македонски организации. Тој е познат новинар и е дописник  на многу весници, списанија и портали во Македонија и Австралија. Со своја поезија и реферати учествувал на многу собири, со кои го поткревал духот на Македонецот да опстои на далечните австралиски простори.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 година, и член е на  Здружението на новинари на Македонија од 1995 година. Автор е на повеќе книги, иницијатор е за организирање на многу манифестации и активности на Македонците во Австралија.

Исто така, во работниот дел од Средбите дваесетина автори ги презентираа своите трудови што ќе печатат во зборникот што ќе излезе следната година. Својот јубилеј Пелагонските средби го обележаа со изложба на досега објавените зборници од минатите средби и дела на писатели/творци – членови на Здружението. Присутните имаа можност да го видат Зборникот од првата Пелагонска средба што беше отпечатен во 2002 гпдона

На крајот треба да се нагласи дека по својата содржина и значење „Пелагониските културно-научни средби“ одамна ги надминале локалните рамки. Овие средби со своите прилози ја збогатуваат и осветлуваат содржината на овој крај како културно-историска ризница. Во содржината на  овие средби се вградиле и се вградуваат многу познати имиња од  Република Македонија што претставува едно големо богатство за културната историја не само на Општина Новаци, туку и на цела Република Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Среќна Нова 2026 година!

  Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ упатува братска честитка до сите во нашата татковина Мак...

Историја

News image

Петар Поп Арсов-македонски револуционер и културно-национален деец

Петар Попарсов (14 август 1868-1 јануари 1941) е македонски револуционер и културно-национален ...

Иселеници

News image

ПОСВЕТА НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ БР 64 НА 11 ОКТОМВРИ И НА ПОЕТЕСАТА ЉУБИЦА ПОПОВСКА (17)

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.