Среда, 29 Јули 2009    PDF Печати Е-пошта
Света Огнена Марина – Марена

marena-pogaca
Празникот во чест на великомаченичка Марина (Огнена Марија) кај народот наречена Марена се слави по традиција во Гостиварското село Зубовце.
Празникот Марена се слави секоја година на 30 Јули, а овој ден се смета за најтопол ден во годината.

Овој презник е поврзан со големи горештини и затоа има некои правила на кои населението од Зубовце внимава.
На овој ден не се работи ниту дома ниту во поле затоа што се смета, ако се работи може да избие пожар и да се уништи годишната реколта.
Преданијата кажуваат дека на овој ден пред години жетвата била во полн ек,  а зубовчани работеле во поле, им се запалиле копите со слама и затоа овој ден е прогласен за неработен.
Зубовчани и денес доаѓаат во  своето родно место. Доаѓаат да се насладуваат на духот и традицијата, да се потсетат на детството, на незаборавните празнувања и веселби, кои се одржувале средсело.
Бог да ја чува Македонија и моето родно место Зубовце, во кое имам најмалку живеено“. Овие реченици во книгата за впечатоци во црквата „Св. Марина“ во с. Зубовце, ги запиша Гојко Јаковлески алијас Гоце Македонски, кој пет децении живее во Берлин, Германија.
Домаќините како што е редот, на гостите им приредуваат традиционална трпеза со гравче. А, на песната и орото ќе им нема крај. Зубовчани се горди што ја возобновија оваа вековна традиција.
Во минатото за овој ден Зубовчани со недели се подготвуваа. Ги чистеа, варосуваа и ги уредуваа куќите и дворовите, истото се однесуваше и за заедничките простори, на улиците, се со цел што поподговени да ги пречекаат гостите.
Никогаш толку народ како на патрониот празник не се собира во црквата и околу неа, секој сака да присуствува на патронската литургија.
Секоја година река на народ се движи кон црквата Св. Марина која се наоѓа на западниот дел на селото, издигната на една височинка која пркоси на времето и со својата местоположба го привлекува вниманието.
Црквата е изградена пред повеќе од 160 години од камен и дрво, врз темелите на многу постара црква.
Во 1859 година надалеку познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа ги има насликано живописот на црквата и 50-тина икони, а се потпишал и на престолната икона  на св. Марина.
Како во минатото така и пред неколку години имаше групно венчавање на осум брачни пара од селото, со кои чиноначалствуваше Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ со митрополитите Кирил и Горазд и со дваесеттина свештенослужители.
За тој голем празник на Зубовчани, Неговото Блаженство г.г. Стефан им изјави:

-„Со празникот треба да се живее за истиот да се доживее! Празнувајте, за да ви бидат полни душите со радост! Радоста во Господа и радоста од Господа не може ништо да ги намали или замени. Празнува цело Зубовце, празнува секоја македонска православна душа во него. Со нас празнуваат иселените зубовчани, празнуваат и покојните, празнуваат сите. Нашата христијанска вера е вера на живите и вера на животот“.
„Останете во родните места за со вас да останат и нашите светижи и светии. Останете за да останат и верата и Црквата, и народот и државата наша, дотаму до каде што било и до каде што треба да остане наше македонско! Доста ни земаа и разграбуваа. Останавме земја што самата со себе се граничи и како уште некому да му е малку!? Но, не плашете се од никого! Оваа земја ја завладувале и царства и империи, но никој за постојано не ја освоил и не останал на неа. Ќе ги издржиме и ќе ги надживееме сите посегања и по земјата и по црквата и по сè што е наше.“

Зубовце денес е во ново руво.
Реновирана е црквата Света Огнена Марина, среден е пристапот до црквата, од двете страни на реката која минува низ село, соѕидан е заштитен ѕид од камен и заедно со зелените површини на целиот простор му дава нов лик, обликувани се тротоарите и на нив се поставени бекатон плочки, реконструирана е Зунината чешма, Рафкина чешма и спомен паркот кои се наоѓа средсело.
Со овие зафати Зубовце добива градски белези.
Средсело со донација на Академик Томе Серафимовски кој е роден Зубовчанец, изградена е манастирска црква „Свети Апостол Тома“.
Академик Серафимовски на чинот на осветување изјави:
„Овој храм им го подарувам на луѓето од мојот крај. Во него вечно ќе гори кандилце што ќе го осветлува патот на сите луѓе со добра волја и со добра мисла, да бараат во него утеха и да се спознаваат себеси. Зашто сите си заминуваме, само манастирот и земјата на која од денес ќе се извишува овој божји храм, остануваат да зборуваат за нас и тогаш кога нас повеќе ќе не нема.“
Зубовчани се оптимисти,ова што е изградено е само почеток. Во селото наскоро ке се гради мини индустриска зона каде ќе бидат вработени повеќе млади од ова село.
Ќе живее традицијата во Зубовце и во Македонија.
11-1

29.07.09
Зубовчанец
 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.