Среда, 11 Ноември 2009    PDF Печати Е-пошта
Попова Шапка - најстариот балкански ски центар

ШАРА ПЛАНИНА - БЕЛА ГОСТОПРИМЛИВА УБАВИЦА

sapka1

Снегот повикува на зимските спортови, а снежната покривка и годинава не ги заобиколи повисоките места во државата, а особено оние каде страста на скијачите се исполнува.

Во самото срце на масивот на Шара Планина на надморска височина од 1.700 м сместен нашиот најстар и најпознат планински туристички центар Попова Шапка.
Еден од најубавите скијачки предизвици е Попова Шапка, каде уште со самото пристигнување како да ве исклучуа од секојдневниот свет и ве носи во една посебна зимска приказна.

Прво срдечно ве пречекува Тетовската околина со нејзината природна убавина и со културно - историски монументи, кои градуално се афирмираат како атрактивен туристичка центар на Македонија.
Главното место - се насетува - „Попова Шапка„ со опеаните убавини на Шара која половина година е бела снежна убавица.

И оваа зима ќе заблеска сјајот на Шарпланинскиот куп, најстарата спортска манифестација на Балканот. По пауза од две години- 2007 и 2008 повторно ќе се возат трките во слалом и велеслалом на „Езерино“ и „Орлова“, каде што во минатото победувале големи скијачки асови. Дивата Шар Планина секогаш била предизвик скијачите, а сега особено е тренинг центар за македонските алинисти.

Првите обиди за развивање на овој планински предел во туристички зимски центар, сe од пред Втората светска војна, кога помал број ентузијасти почнуваат да ги користат благодетите на овој предел за планинарење и спортување на снег. Од тој период, поточно од 1934 година е изграден првиот објект т.е. планински дом.
Шара купот е најстаро натпреварување на Балканот - најстарото меѓународно натпреварување на Балканот. Во далечната 1947 година на овие падини се одржал првиот Куп, на кое настапиле репрезентациите на Унгарија, Романија, Бугарија и репрезентациите на сите републики на бивша Југославија, вклучувајќи ја и Македонија. Во 1954 година Шарпланинскиот куп влегува во календарот на Светската скијачка федерација (ФИС).
Но, позначајни чекори кон развивањето на туризмот се преземаат во почетокот на 1960 година кога почнува поосмислено да се гради концепција за развој на овој центар.


Попова Шапка е рај за скијачите, еден од најстарите зимско-рекреативни и планински центри во Македонија и на Балканот. Планинарските активности почнуваат во 1929 година со формирањето на планинарското друштво Љуботен, а и скијањето се развива од 1929 година со формирањето на скијачката секција.


Зимскиот туристички центар Попова Шапка е сместен на падините на Шар планина на 1700 метри надморска височина. Овој центар е оддалечен 18 км од Тетово и на 53 км од Скопје главниот град на Република Македонија. Мошне добро е поврзан со асвалтиран пат и гондолна жичарница во должина од 7км и често пати е посетуван од голем број домашни и странски туристи како во зимскиот така и во летниот период.  Скијачките патеки на Попова Шапка достигнуваат до 2500 метри надморска височина. Има повеќе ски – лифтови и жичарници што им стојат на располагање на скијачите и туристите. Должината на патеките изнесува околу 10км со капацитет од 8000 скијачи за еден час.   Скијачкиот центар Попова Шапка се карактеризира со голем број сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај.
На Попова Шапка секоја година се организираат повеќе спортски настани од домашен и меѓународен карактер. Пред се тука се мисли на Шарпланинскиот куп во скијање кој е еден од најквалитетните спортски настани во Македонија.

Шара е предизвик за милениците на зимските спортови, но, ја афирмираат уште многу други активности распоредени во целиот временски период низ целата година. Годинава по 55-ти пат се одржа Илиненскиот слет Лешница 2009, се оодржа по единаесетти пат меѓународната планинарска акција- искачување на голем Кораб, се одржа III  Планински велосипедски маратон Шарски води 2009 од Попова Шапка до Бунец на Мавровско езеро, 750 планинари присуствуваа на 28-то традиционално искачување на Титов врв...
Северозападниот дел на Полошката котлина е затворен со Шарпланинскиот масив. Должината на овој масив изнесува 80 км и опфаќа седум врвови со надморска височина над 2 000 м, од кои најголемиот е Титов Врв на надморска височина од 2 748 м.
Шарпланинскиот масив претставува еден од нај значајните природни богатства на Република Македонија во целина.

Што вели легендата за името Попова Шапка?- Според легендата невообичаеното име на овој центар настанал кога некогаш одамна некој поп си ја изгубил шапката. Попот заедно со селаните долго ја барале шапката но не успеале да ја најдат. Во еден момент еден од селаните извикал дека шапката е на брдото бидејќи тоа личело на попова шапка. Поповата Шапка тогаш не успеале да ја најдат но името на регионот останало.

Но, според уште една верзија, постои легенда како оваа месност во Шарпланинскиот масив го добила своето име. Легендата вели дека еден православен свештеник вршејќи ја евангелската мисија, славска посета на православните домови по христијанско-македонските села на падините на Шар Планина, поминувајќи низ оваа месност бил маченички убиен,а неговото тело било оставено да го растргнат шумските ѕверови. На ова место пролеано со свештеничка маченичка крв е најдена само неговата шапка (камилавка) и затоа оваа месност се нарекува Попова Шапка.

Тогаш на Попова Шапка постоела и црква посветена на вознесение Христово. Таа се наоѓала над денешниот воен дом, бидејќи пред скоро време се најдени и нејзините темели. По паѓањето на Македонија под турско ропство, покрај другите цркви и манастири го разурнале и овој храм.

По Втората светска војна во програмата за развој на Попова Шапка се предвидува и изградба на црква.
Според историските податоци уште во X и XI век селата на Шар планина, посебно оние околу Попова Шапка биле со православно словенско население.. Како духовен центар во месноста “Плоча” на Шар Планина постоел манастир посветен на “Света Богородица”. Во записите, грамотите и другите историски документи се наведува дека овој манастир настанал во XII односно XIV век. Во еден запис стои дека во 1641 година, манастирот е возобновен и возобновувањето траело сe до 1646 година кога негов игумен бил монахот Јоаким, еден меѓу 14-те тогашни големи игумени на овие простори во чие време манастирот достигнал висок напредок на економски, црковно-просветен и културен план. Градбата на овој манастирски комплекс е своевидно обновување на едно од бројните насилно уништени православни светилишта на Шар планина.
Во 1992 се донесе одлука за возобновување на манастирот "Света Богородица" на Шар Планина и преименување во манастирски комплекс "Свети Наум Охридски-Чудотворец", во чест на еден од најголемите наши светители и основоположник на монашкиот живот собрат на основоположникот на родната мајка-Светиклиментова црква.
Манастирскиот комплекс зафаќа површина од еден и пол хектар, а манастирската црква, со габаритни димензии 50 м2 во основа зазема центрлано место во комплексот, на надморска височина од 1730 м што ја вбројува меѓу неколкуте цркви на најголема надморска височина на Балканот. Посебно е внимавано црквата да ги задоволи сите барања за нејзината намена и за целосна вклопеност во пејзажот на планината, остварено и преку обликување на фасадата од необработен камен ваден од самата месност. Со тоа на визуелен и симболичен начин е подвлечена одомаќеноста, древноста и цврстината на Македонската православна црква на овие простори....

Останува да посакаме една снежна и успешна скијачка сезона на Попова Шапка, а на останатите, оние кои не ги практикуваат  зимските спортови, можеби ќе им годи викенд во прегратката на Шара...

К.Л.
 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.