Историја
Среда, 09 Октомври 2013 03:19   
Извадок од книгата на полскиот автор Бартоломеј Папроцки, од 1599 година

polska-kniga-240Полскиот писател Бартоломеј Папроцки во далечната 1599 година, во неговата книга „Ogrod krolewsky“ напишал дека Александар Македонски е од просветлениот род словенски.

Повеќе...
 
Среда, 09 Октомври 2013 03:02   
Федерална Македонија број 3, година 1 од 1947

federalna-makedonija-240Федерална Македонија број 3, година 1 од 1947 година уредник Јован Јовановски од Преспа ми го даде овој број да го зачувам за Македонската историја и мислам можеби е единствениот зачуван број.

Повеќе...
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:04   
Полиперхон

sonceПолиперхон (394–303 п.н.е.) бил македонски генерал кој служел во војската на Филип II и Александар Македонски, придружувајќи го Александар во неговите воени походи.

По враќањето во Вавилон, Полиперхон бил вратен во Македонија заедно со Кратер, но стигнал само до Киликија кога се чуло за смртта на Александар во 323 п.н.е.. Полиперхон и Кратер продолжиле за Грција, помагајќи му на Антипатар да го задуши востанието во Ламиската војна. Полиперхон останал во Македонија, а по дијадошката војна останал дома како регент на Македонија, додека Антипатар отпатувал за Мала Азија за да го зацрвсти неговото регентство врз целата империја.

После смртта на Антипатар во 319 п.н.е., Полиперхон бил назначен за регент и врховен командант на целата Македонска Империја, но набргу влегол во конфликти со Антипатаровиот син Касандар, кој требало да биде неговиот главен заменик. Двајцата започнале граѓанска војна, која набргу се проширила на сите генерали на Александар, со тоа што Полиперхон се сојузил со Еумен против Касандар, Антигон I Едноокиот и Птоломеј I.

Иако Полиперхон на почетокот бил успешен во заземањето на грчките градови, кои ги прогласил за слободни, Антигон I Едноокиот ја уништил неговата флота во 318 п.н.е., а Касандар следната година ја зазел Атина. Накратко потоа, Касандар го протерува Полиперхон од Македонија, па го зел во свои раце немоќниот крал Филип Аридеј и неговата жена Евридика.

Полиперхон пребегнал во Епир, каде и` се придружил на мајката на Александар Македонски, Олимпија, неговата вдовица Роксана и малиот син Александар IV. Направил сојуз со Олимпија и кралот Еакид Епирски, и Олимпија тргнала во поход на Македонија. Отпрвин Олимпија била успешна во својот поход, со тоа што ја победила и заробила војската на кралот Филип, кого го погубила, но набргу Касандар се вратил на Пелопонез, па ја фатил и ја погубил во 316 п.н.е., земајќи ги Роксана и детето под негово старателство.

Сега Полиперхон пребегнал на Пелопонез, каде се` уште командувал со неколку упоришта, па се осојузил со Антигон, кој сега повеќе немал сојузници. Полиперхон набргу ја воспоставил својата власт врз Пелопонез, вклучувајќи ги Коринт и Сикион. По мировниот договор од 311 п.н.е. помеѓу Антигон и неговите непријатели, и убиството на младиот крал Александар и неговата мајка, Полиперхон ја задржил власта во извесни области. Тогаш избила војна помеѓу Антигон и останатите, па Антигон му го пратил биолошкиот син на Александар Херакле на Полиперхон за да послужи во нагодба против Касандар. Меѓутоа Полиперхон решил да ги раскине врските со Антигон, и го убил момчето во 309 п.н.е.

Ја задржал власта врз Пелопонез се` до неговата смрт неколку години подоцна, но престанал да се занимава со политика.

Наводи

Peter Green, Alexander to Actium (University of California Press, 1990) стр. 17-20
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:03   
Пир Епирски (318 п.н.е. - 272 п.н.е.)

pyrrhusБил крал на Молосијците (од 297 п.н.е.), Епир (306 п.н.е. - 301 п.н.е., 297 п.н.е. - 272 п.н.е.) и Македонија (288 п.н.е. - 284 п.н.е., 273 п.н.е. - 272 п.н.е.), и еден од најсилните противници на Римска Република. Дел од неговите битки, иако успешни, резултираат со големи загуби во редовите на неговата војска, што е и непосреден повод за создавањето на изразот Пирова победа.

Повеќе...
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:01   
Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

karnegieva-komisija-240Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува во Виена каде се Проф. Пашковски од Берлин и Проф. Редлих и продолжува за Белград.

Повеќе...
 
Среда, 02 Октомври 2013 03:01   
Петиција од група бегалци од малешевско до Н. де Ринг - Ќустендил, 11 септември 1879 год.

carevo-seloПЕТИЦИЈА ОД ГРУПА БЕГАЛЦИ ОД МАЛЕШЕВСКО ДО Н. ДЕ РИНГ: САКАМЕ И ОЧЕКУВАМЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ ПОДОБРО ОРГАНИЗИРАНА ЗА ДА МОЖЕМЕ ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО НАШИТЕ ДОМОВИ

Повеќе...
 
Среда, 25 Септември 2013 03:23   
Македонците биле спречени да учествуваат во Охридското востание - Политика од 12 септември 1913

protiv-makedoncite-240На состанокот меѓу македонските и албанските претставници одржан во Елбасан било одлучено заедничкото востание против српскиот режим да започне на почетокот на октомври 1913 година.

Повеќе...
 
Среда, 25 Септември 2013 03:13   
Александар Македонски на мозаикот од Помпеја

aleksandar-makedonski-pompeja-240Откриените фрески и мозаици покажуваат дека жителите на Помпеја големо внимание му посветувале на украсувањето на ѕидовите и подовите на своите домови. Некои од нив се вистински ремек дела на уметноста кои и ден денес пленат со својата убавина. Ремек дело претставува мозаичкиот под во „Куќата на Фаун“, на кој е претставен Александар Македонски во битката кај Ис.

Повеќе...
 
Среда, 25 Септември 2013 00:19   
Самоиловата држава (976 - 1018) по карактер била словенска, односно македонска

samoilovo-carstvo-240Самоиловата држава (976 - 1018) по карактер била словенска односно македонска (бидејќи јадрото на државата, односно царството било тука, во Македонија).

Повеќе...
 
Среда, 25 Септември 2013 00:16   
Македонци по род

makedonci-po-rod-240Бугарските историчари го признаваат овој податок, но го толкуваат по нивни, бугарски начин:

Димитар Ангелов ја застапува теоријата дека Македонците се нарекувале така по територијата која ја населувале, но како историчар тоа негово тврдење е ступидно.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го коментираше на фејсбук профилот откажувањето на Заев и Николовски

  Лично како пратеник нема да користам патни трошоци, ама морам да искоментирам во однос на ...

Историја

News image

Русинот Бурич од Историската Конференција на Малта 1989: Без Македонизмот паѓа и целата цивилизација!

Осврт кон делото на рускиот мислител Владимир Бурич базиран на разговорите водени со него од макед...

Иселеници

News image

ПАРАКЛИСОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА И СПАСИТЕЛОТ ИСУС ХРИСТОС“ ВО ЗУБОВЦЕ (24)

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

ЗБИРКА ПОЕЗИЈА ОД ОЛИВЕРА ЈОВАНОВСКА

  Оливера Петрова-Јовановска Деновиве, во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј, изле...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (33)

ПРАИСТОРИСКИОТ КРИТ И КИКЛАДСКИТЕ ОСТРОВИ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.