Среда, 14 Ноември 2012    PDF Печати Е-пошта
Беше си била... Приказна за Ахил

Ангелина Маркус

AchillesМирмидонците, славно племе од Македонија беше си имале крал по име Пелеј со царски двор во Фтија. Од како младиот крал &  фрлил око на една од Нереидите - Тетида, богиња на морињата, беше ја грабнал од изворот каде што се капела со другарките. Потоа направил царска свадба со бегалката на која добил благослов и поклони од боговите, Музите и народот. Од тогаш и денеска постои обичај во Македонија момчиња да си земаат невеста бегалка за да се сродат и помират фамилиите.

Од бракот на Пелеј и Тетида се родил Ахил, најбрзиот човек во светот. Мајка му го искапила во една света река за да добие бесмртност, заборавајќи да ја потопи и петицата за која го држела. Така петицата останала слаба точка и Ахиловата петица ја задржала смртноста.

Ахил растеше и се воспитуваше според македонските кралски обичаи, со кралски другари и придружба во учењето игрите и борбите. Исто така, растеше и учеше и Александар во Пела. Животот на Ахил, како акме со полна снага се совпаѓаше со Тројанската војна. Судбината на Ахил се сврза со тие настани уште на свадбата на Пелеј кога Ерида ги скара богините, фрлајќи златно јаболко за најубавата. Париз или Александар принц од Илион или Троја ја избра Афродита меѓу убавите за најубава. Таа пак му ја вети Елена за жена, сорпуга на кралот Менелај од Микена. Кога Парис ја грабна Елена и ја доведе во Илион советот на старците беше се загрижил за бегалката Елена да не предизвика раздори од светски размери. Така и би. Пред портите на светиот сончев град Илион пристигнаа силни војски за десетгодишна борба како што се опишани од Хомер во Илијада. Рушењето на градовите, пленот, убиствата, палењето не стивнуваат до денеска на истите места и со истите народи.

Микенските кралеви Менелај и Агамненон ги собираа корабите и војските за да ја вратат Елена, ќерка на Лета и сестра на Диоскурите. Ахил се судри со Микенците од морални причини во поделбата на пленот. И како и секоја неправда што се казнува микенската војска оболе од колера, а лутиот Ахил не попушташе. Не сакајќи да се бори му ја даде својата опрема на најверниот другар Патрокло. Хектор го уби Патрокла и му ја зема Ахиловата опрема: штитот, шлемот, копјето, градникот што Хефест ги искова за сончевиот син.

Сега Тројанците се радуваа на пленот, со исти сончеви симболи како и нивните. Кога Ахил разбра за смртта на својот најдобар другар и врсник отрча без опрема на боиштето и толку силно рикна од болка што сите се разбегаа. Тоа беше иста болка како Гилгамеш кога го изгуби својот пријател Енгиду.

Така војните ни даваат материјал за убави епови, опишувајќи ги силните херои. Во цела илијада Ахил е централна личност. Преку него се кршат сите дилеми и со него се поврзани сите жртви. Се знаеше тоа уште кога се роди дека ќе има краток и славен век. Стрела го погоди Ахила во петица. Не му помогна ни снагата, ни брзината, ни борбата за етичките принципи. Погина со нечуена храброст.

Александар Македонски се гордееше со Ахил како роднина по мајчина линија. Се воодушевуваше и се поистоветуваше со Ахиловите подвизи и му се поклони на гробот, ветувајќи слава на истите простори со истите народи.

Воената опрема на Ахил и Александар беа исти како и нивните судбини. И двајцата беа синови на сончеви и славни народи. Ахиловите Мирмидонци се прославија во Русија до Москва.

Александровите Македонци ја однесоа славата до Индија. И двајцата се украсуваа со шеснаесеткракото сонце на гради и со менада на македонскиот штит.

 

На прво место

News image

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Бродот што тоне не е место за забава- масовна операција за напуштање на Заев

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ И НЕГОВАТА ДУХОВНО-НАЦИОНАЛНА И ЦРКОВНА МИСИЈА ВО ТАТКОВИНАТА (26)

ПРЕД МОШТИТЕ НА ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО БАЗИЛИКАТА „СВ....

Култура и туризам

News image

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ

„ЈУЖНИ РЕКИ“ ОД ПАНДЕ МАНОЈЛОВ       

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (9)

ВРСКАТА НА ХИПЕРБОРЕЈЦИТЕ (СЕВЕРЦИТЕ) ВО СВЕТОТ (ДЕЛ II) 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.