Среда, 14 Ноември 2018   
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (19)

dzordz19-1

СРЕДБА СО БИЗНИСМЕНОТ ЈОСИФ АТАНАСОСКИ, БРАТ НА ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ

Еден од најуспешните и најистакнати бизнисмени во македонската дијаспора во светот е господинот Јосиф Атанасовски. Тој е роден на 14.09 1948 година во Марул. Учел во Марул и Прилеп, за потоа, на 21 март 1967 година, патиштата да го однесат во САД. Јосиф е постар брат на Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Јосиф и Џорџ се сопственици на фабриката „Мајкрофлекс“ во Ормонд Биич и, заеднички постигнуваат видни резултати во бизнисот

За подготвувањето на монографијата за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски беше потребно подолго време, знаење, труд, трпение, прегледување на многу објавени и необјавени материјали, разговори со голем број личности кои живеат во Македонија, во САД и на други места, а кои придонесоја авторот Славе Катин да го подготви делото. Оваа значајна и по многу нешта уникатна монографија доживеа две изданија, во 2012 и 2015 година, со 470 и 500 страници, во издание на „Македонска искра“, Македонско сонце и ТВ Сонце, Скопје, а  е на македонски и на англиски јазик.

Се очекува наскоро да се печати и третото издание на ова моногравско дело кое е посветенo на доблесниот Македонец, истакнат хуманист, голем донатор, докажан бизнисмен, духовен-посветеник и горд припадник на својот библиски род и македонската земја, господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски.

Треба да се нагласи дека една од личностите кои придонесе да се појави оваа монографија е, секако Јосиф Атанасоски, брат на Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. Во поново време, Јосиф Атанасоски е еден од најзначајните и најголемите деловни луѓе во македонската дијаспора и вљубеник во Република Македонија, а кој живее во САД  Тој е познат и признат во македонската јавност како американски бизнисмен, човек кој многу патува, човекот кој знае што сака и што прави во бизнисот и во животот, оставајќи зад себе значајно богатство во средства, но и оставајќи траги како патоказ, со пораки како и на кој начин треба да се работи и заработува.

Јосиф е постар брат на Ѓорѓија – Џорџ Атанасоски. А, двајцата браќа се пример како треба да се почитуваат семејните корени и како треба да се соработува. Јосиф и Џорџ се сопственици на фабриката „Мајкрофлекс“ во Ормонд Биич и, заеднички постигнуваат видни резултати во бизнисот.

Токму тоа како повод беше да се сретнеме со бизнисменот Јосиф Атанасоски. А, се сретнавме токму на празникот Св. Павле во хотелот „Сонце ГА“. Средбата на која беа присутни и неговата љубена Сузана Петковска, тогашниот директорот на хотелот Горан Јанков и вујкото на Јосиф и на Џорџ, Војне Атанасоски, беше присна, пријателска и со сите нишани на средба со нашинци од Америка. Таа беше средба со луѓе кои даваат позитивна енергија и со кои човек може да ги збогати видиците за иднината на Република Македонија.

dzordz19-2
Хотел „Сонце“ во Прилеп

Бизнисменот Јосиф Атанасоски, како постар брат на Џорџ живо се интересираше за монографијата која ја подготвував и притоа ми даде голем број податоци за него и неговото семејство, за бизнисот во Ормонд Бич, за идните планови восегашноста и иднината на неговата фабрика, за големото семејство Атанасоски, како и за идните планови на овој прилепски Американец, како што милуваат да го наречат неговите блиски.

Со право се вели дека во македонската иселеничка сага, засекогаш ќе остане впишано името на доблесниот Македонец, еден од најуспешните и најистакнати бизнисмени во македонската дијаспора во светот, господинот Јосиф Атанасовски. Тој е роден на 14.09 1948 година во Марул, а како прво дете на Алексо и СпасијаТанасоски, како што ги викале во селото. Учел во Марул и Прилеп, за потоа, на 21 март 1967 година, патиштата да го однесат во САД, каде се стекналсо високо образование, искуство и светла иднина.

Неговата животна сторија е многу интересна и е испреплетена со разновидни дејствија, случки и настани кои оставиле длабоки траги и му го покажале правиот пат во неговиот живот. Од поодамна го вкусил печалбарскиот леб. Во почетокот имал тешкотии но, ете, со повеќе работа, памет и среќа, денес тој е генерален директор на фабриката „Мајкрофлекс“ инкорпорацијата. Така, заедно со неговиот помлад брат Џорџ и со тим инженери ја водат една од најзначајните компании што Македонци имаат во дијаспората.

При секоја посета на Македонија, Јосиф Атанасоски предизвикува интерес како граѓанин на САД и Република Македонија. Но, посебно место има како бизнисмен чиј финансиски успех е резултат на бескрајната љубов кон работата, самопрегорот, чесноста, деловноста... Така и при нашата средба во Прилеп, меѓу другото ми рече:

Бидејќи ден-денеска доста патувам по светот, па каде и да сум се нашол во приватен

разговор, сум истакнувал дека сум Македонец. Надвор од САД бевме малку познати како Македонци, па дури и меѓу деловниот свет. Но, и брат ми и јас секогаш пред своите деловни партнери нагласуваме дека сме од убавата Македонија. Дека нашите корени се длабоки и широки на Балканот. Притоа, мора да се признае дека јужниот сосед со своето однесување почна да ни го дига рејтингот, барем на географските карти. Многу од дипломатите нас нè разбираат, па дури и ја осудуваат таа земја за нејзиното ирационално однесување кон нас, но на крајот, за жал, се сведува само на разговор.

Животните патеки Јосиф Атанасоски го однеле од Марул, преку Прилеп и неговата Македонија, до Лонг Ајленд во Њујорк, па во Њу Џерси, за негов конечен животен пристан и бизнис дестинација да му биде Ормонд Бич на сончевата Флорида. Јосиф во САД се оженил со Елен, со која има две деца: Џон роден на 23.02 1975 година и Кристина родена на 08.01.1991 година. Џон еоженет со Мишел. Денес Јосиф како пензионер среќно живее со Сузана Петковска.

Како што ме информира бизнисменот Јосиф на средбата во Прилеп, денес фабриката на Јосиф и Џорџ Атанасоски се наоѓа во целосно изграден погон од 120.000 квадратни стапки (11.150 м2), во Ормонд Биич, Флорида. „Мајкрофлекс“ корпорацијата проектира, произведува и работи со најнапредна светска опрема за формирање и виткање на метали. Во редовите на нејзиниот персонал од повеќе од 160 вработени е и кадарот од инженери кои проектираат и дизајнираат производи што се одликуваат со сигурност и највисоки оценки.

„Мајкрофлекс“ корпорацијата има добиено многу сертификати за квалитет, вклучувајќи ИСО 9001, којшто им обезбедуваат на клиентите квалитетен производот, испорачан на време. Компанијата периодично бара бистри поединци да станат дел од тимот. Мајкрофлекс, секогаш се стреми да биде над индустриската крива кога станува збор за сите расположиви квалификации и сертификати.

dzordz19-3
Јосив Атанасоски и неговото производство

Компанијата „Мајкрофлекс“, чиј генерален директор е Јосиф Атанасоски, не само што дизајнира и произведува автомобилски производи, туку таа дизајнира и произведува машини и алати што ù се потребни за да ги направи производите. Користејќи се со ваквиот целосно интегриран пристап кон дизајнирање, „Мајкрофлекс“ е секогаш во состојба да им понуди на клиентите најдобро дизајнирани и најефикасно произведени делови.

 „Мајкрофлекс“ користи софтвер „Плексус“ за „он лајн“ производство за да има и одржува информации во реално време и во текот на процесот за: суровините, производството, податоците за димензиите, за материјалот во секоја фаза во синџирот на процесот, за тековните нарачки, испораките и за побарувачката. Оваа предност ги става вработените во проактивен, наместо реактивен метод на работење.

На средбата во хотелот „Сонце ГА“ слушнав и тоа дека господинот Јосиф Атансоски планира да инвестира и да развива бизниси во селото Марул и во Прилеп, каде се роди и од каде како младо момче отиде по иселеничките врвици во Соединетите Американски Држави. Со неговиот вујко Војне зборуваа за отворање фарма на телиња во Марул. Идеја која веројатно во најскоро време ќе се реализира. Со тоа се потврди дека овој доблесен бизнисмен, кој заминал по светот и станал угледно име, но никогаш не ја заборавил својата родна земја Македонија.

Продолжува

slave-katin-nova2
Пишува; СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

КАТОЛИЦИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БАДНИК

Католичките верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календа...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.