|
||||
| Кога немаш одговор за милионските криминали, отвораш тема за часовникот на Мицкоски? |
|
Кога немаш одговор за милионските криминали, отвораш тема за часовникот на Мицкоски? Токму тоа го прави СДС – партија која зад себе остави траги од финансиски скандали во речиси секоја институција што ја допре, сега одлучи да ја „открие“ вредноста на часовникот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски како најголем проблем во државата. Очигледно, во недостиг на идеи, визија и кредибилитет, СДС смета дека јавноста има кратко паметење. Или уште полошо – дека граѓаните не прават разлика меѓу чесно заработено и сомнително стекнато богатство. Фактите, сепак, се тврдоглави. Не е никаква тајна дека Христијан Мицкоски, пред да влезе во политиката, работел во приватниот сектор, конкретно во енергетиката, каде соработувал со реномирани светски компании. Уште поважно – од моментот кога влегува во политиката, тој прекинува со било каква приватна бизнис активност. Нема фирми, нема тендери, нема скриени договори, нема офшор дестинации. Сè е транспарентно, проверливо и јавно достапно. И тука доаѓаме до вистинската споредба што СДС очајно се обидува да ја избегне. Од едната страна е човек кој заработувал пред политиката и престанал да заработува од бизнис во моментот кога влегол во јавна функција. Куќи во елитни населби како Нерези. И сето тоа – токму за време или по нивното активно политичко дејствување. Ова е суштинската разлика која СДС сака да ја замагли со евтини соопштенија и спинови. Разликата меѓу човек што заработил пред политиката и луѓе што се збогатиле со помош на власта. Затоа, кога СДС зборува за морал, јавноста со право се прашува: каде се тие морални стандарди кога контролите откриваат милионски дупки, кога по секоја ревизија е нова афера? Наместо да гледаат во туѓи раце, нека погледнат во сопствениот двор и нека бројат кривични пријави. |



















