Иселеници и Регион
Среда, 02 Ноември 2016 03:02   
Врската меѓу голема Русија и Македонија

rusija-karta-180Беше пладне кога ја напуштивме Прага и заминавме за Москва, главниот град на Русија. А таму ни се потврди она дека кога човек повторно ќе се врати во едно место, држава, град или метропола, дури тогаш најдобро ќе ги осознае реалностите. Таков е и нашиот случај со големата Русија. Ова голема земја отсекогаш била предизвик за секој намерник, патник или вљубеник во нејзините постигнувања на културен и друг план. Таа е држава со најдолга граница, се граничи со Норвешка, Финска,  Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Белорусија, Украина,Грузија,  Азербејџан,  Казахстан,  Кина,  Монголија и Северна Кореја.

Повеќе...
 
Среда, 02 Ноември 2016 03:01   
Весниците „Во одбрана на македонскиот јазик“, и „Народен глас“- чувари на македонската вистина (5)

vo-odbrana-na-makedonskiot-jazik-1-180Во врска со употребата на македонскиот јазик во Беломорска Македонија, во публикацијата „Македонскиот иселенички печат“ е пренесена специјалната публикација „Во одбрана на македонскиот јазик“ (1960) на Комитетот за протест против забраната на славомакедонскиот јазик во Северна Грција.

Повеќе...
 
Среда, 26 Октомври 2016 02:57   
Разговор со Гордана Милошевска: Сонот ми се исполна

gordana-milosevska-180Гордана Милошевска пред неколку години дојде на сцена во Австралиско македонскиот театар како пролетен цвет и остана вечно да цвета, секогаш примамлива и таинствена за гледачите. Минатата година ја доби наградата Александар Македонски за најдобра придружна улога за 2015 год. за улогата на Магда во драмата „Доктор Жими Мајка“.

Повеќе...
 
Среда, 26 Октомври 2016 02:50   
Разговор со Јаворка Котевска: Уживам да бидам на сцена

javorka-kotevska-180Деновиве поведовме разговор со Јаворка Котевска која во комедијата „Баба се мажи“ ја игра главната улога на Јана. Инаку Јаворка веќе неколку години глуми во  Австралиско македонскиот театар и има одиграно повеќе улоги но за последната престава и се доверува главната улога.

Повеќе...
 
Среда, 26 Октомври 2016 02:02   
Пред споменикот на Исус Христос – Спасителот во Рио де Жанеиро

brazil6-1-180Над Рио се вишнее највпечатливата ви­со­чин­ка од која можат да се видат спомениците на оваа мет­ропола на контрасти. Корковадо е имиџ на Исус Хрис­тос со раширени раце кој е заштитник на Кариоките и симбол на Рио де Жанеиро.

Повеќе...
 
Среда, 26 Октомври 2016 02:01   
Историскиот развој на весниците „Македонски глас“ (1957-1958) од Сиднеј и „Историски билтен“ (1959) од Мелбурн (4)

makedonski-glas-1-180Развојниот пат на информативните гласила после Втората светска војна се совпаѓа со раз­вој­ниот пат на македонските доселеници на петтиот континент. Во основа тоа се совпаѓало со развојот на настаните во земјите на Балканот, а уште повеќе за­ви­се­ло од текот на настаните околу Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 19 Октомври 2016 02:06   
Весникот „Македонска искра“ (1946-1957) Перт - прво македонско информативно гласило во дијаспората (3)

makedonska-iskra-180Македонските гласила во Австралија ги изразуваат културните активности и животот во македонските етнички заедници, ги презентираат целокупните новинарски и општествено-политички активности, го даваат напредокот на македонската држава — Република Македонија, а во извесна мера служат и како бариера на туѓите пропаѓанди врз македонските иселеници. Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалната култура на Австралија.

Повеќе...
 
Среда, 19 Октомври 2016 02:01   
Изгубените македонски траги во земјата на Кариоките

brazil4-180Португалците со Ин­дијанците постапувале како со ниска класа и не­мало ме­шани бракови. Меѓутоа, толерантноста на Пор­туга­л­ците во однос на склучувањето бракови со Ин­­ди­јанки, истовремено, се совпаѓало со најсви­ре­по­то поробување на индијанските племиња. Така, меѓу другите племиња целосно е уништено индијанското племе Аравак, чии припадници биле принудени претерано да работат на тропските плантажи со ше­ќерна трска на островите во Карипското Море. Многу Индијанци отишле во смртта работејќи и во рудниците за злато и сребро или како робови на огромните ла­тифундии.

Повеќе...
 
Среда, 12 Октомври 2016 02:02   
Развојот на македонскиот иселенички печат на Петтиот континент (2)

mak-aus-180Според пишаните документи се знае дека доселувањето на првите Македонци во Австралија започна по Првата шетска војна, кога патиштата кон Америка беа затворени. Така, поголеми групи македонски печалбари од Леринско, Костурско, Битолско, Преспанско и Охридско пристигнале во Австралија во 1924 и 1927 година. Особено по 1934 година, односно по доаѓањето на Метаксас на власт во Грција, бројот на доселениците од Егејска Македонија се зголемува, а по Граѓанската војна доаѓа до вистински бран на иселување. По шеесеттите години, пак, бројот на доселениците во Австралија рапидно се зголеми и од територијата на СР Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 12 Октомври 2016 02:01   
Петрополис – Центарот на Империјата и богатството

blazil3-1-180Вториот император Дон Педро Втори бил надарен со способност, мудрост и со широко срце. Ја зел власта во свои раце на возраст од 15 години и владеел цели 49 години, сѐ до укинувањето на ро­бо­владетелството. Тоа бил период на економски рас­теж на земјата, развој на производството за кафе, па­мук и шеќер. Животот во кралскиот двор се одвивал по рецептот на европските земји, а Дон Пед­ро Втори бил чест гостин на Европа. Така, при една негова посета на Европа, како последица од неговото лошо здравје, принцезата Изабела ги ослободила робовите без да им плати на соп­стве­ни­ците на плантажите. Меѓутоа, како што рекол не­кој од очевидците, кој бил и потписник на тој до­кумент, „Нејзиното Височество спаси една раса, но ќе го загуби престолот“. Така и се случило.  На 15 ноем­ври 1889 година монархијата била отфрлена и Бразил се прогласил за република.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Национална ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“

ПЛАТФОРМА НА ДВИЖЕЊЕТО „НАЦИОНАЛНА ЗОРА“ Ние како како крајно десничарско движење „НАЦИОНАЛНА ...

Историја

News image

Скриениот Попис: сите тетовски жртви 1941-1945

За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви на...

Иселеници

News image

Гласила на Македонската обединета општина на Западна Австралија (21)

Гласилото „Наш  свет“ започна да се печати во септе...

Култура и туризам

News image

Мистериите на планината Кожуф

Планината Кожуф е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Ко...

Фељтон

News image

1100 – Годишнината од смртта на свети Кирил Солунски (869-1969) (15)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.